Дневник бр 17 (Универзален полнач од Vivitar)
Оригинално објавено на June 12, 2012
Идеме за Канада :)
Само што се вратив од журка по повод независноста на Филипини. Беше ептен ха-це.
Сместени во еден од магацините на дек А, лош рок бенд и лош ди-џеј ама внатре таман луѓе и
сите весели :) Бидејќи беше формална вечер и останав до касно на работа и го пропуштив гага
пивото, ама сепак се најде, од ваму-од таму...
Енивејз... идеме за Канада, за прв пат Дизни Меџик иде за Канада и во бродот еден куп луѓе
кои пловеле многу пати со Дизни. За бродот знаат повеќе од мене. Кога доаѓаат да купат
фотки им кажуваш само што е ново, бидејќи ги знаат цените, ги знаат условите, само им
кажуваш кои се новитетите во 2 реченици и веднаш купуваат. Туку, сакав да кажам за
времето, ф..... фризинг. Преку ден 1 саат сонце, 2 саати магла, навечер помалку од 17 степени.
Со Синтија дури имав и кавга бидејќи тврдеше дека 17 степени се сосема ОК температура. Јас
и тврдев дека се малку, и цел тим застана зад мене. Најинтересна ми беше Анико, избегала од
Унгарија поради ладно време и магла, избегала од Лондон поради ладно време и магла и
сега пак во Канада ладно време и магла :/ Да бидам прецизен сеуште сме во УСА, пловиме
околу брегот на Њу Ингланд. Енивејз повеќе инфо во следниот дневник.
Друга новост е мојот нов цимер, Николас од Канада, работи во М’рч’ндајз одделот
(продавници и сл), ама бидејќи одсабајле е на обука а попладне на работа слабо го гледам.
И најбитното :) Си го наполнив мојот телефон сони-ериксон. Во Шатерс (галеријата во која
продаваме фотографии) имаме по нешто поинт-ен-шут апарати и додатоци за нив. Меѓу
другото и универзален полнач за батерии. Да е жива и здрава шефица Стеф, ми кажа дека
можам да полнам и батерија од мобилен на него. Цело време одговорот на едно од моите
најбитни прашања бил пред мене, ама како што вика мајка ми, треба да ми бркне во око за да
го најдам она што го барам. Патем и една интересна случка од денес.
За херој на денот ги прогласувам семејството Хара. Вчера дојдоа да купат фотографии и беа
заинтересирани да купат 5 фотографии од Мики и Мини заедно. Тие фотки беа од
промотивните фотки на кои доле е испишано From your friendly photographers и истите ги
делиме на повеќето деца кои ќе поминат низ Шатерс. На госпоѓа Хара и кажавме дека може
да ги задржи за беспари и таа беше многу среќна. Денес ми даде приврзик, малечко балонче
во форма на главата на Мики од Tokyo Disneyland. Утре или задутре ќе им дадам сертификат
за Магично Семејство :)
Comments
Post a Comment