Викингшки дневник бр. 41 – One man show
Ова крстарење траеше две недели од Гринич до Берген и бев сам свој мајстор. Ова воедно беше последното крстарење за Хемстон, братот Бактерија, овај третиот член на семејството бактерија моментално (Алехандро има уште едно крстарење до крајот на неговиот договор). Прв порт беше Довер. Кога излегував од бродот пред мене имаше гости кои се влечеа со 1км на час а не е убаво да им викнам да се тргнат. Плус бевме во големиот терминал. Кога излегов конечно на паркинг, шатл бусот ми кидна пред нос. Како и да е, не е далеку да се оди пешки па тргнав забрзано кон градот. Овој пат оправив по улицата која што оди од трговскиот центар накај остатокот од градот. Кога веќе размислував да се враќам назад видов дека има Sports Direct и на мое пријатно изненадување, си купив нов каиш за 10 фунти. Намалив 4 килограми во тежина, не знам колку во половина, само знам дека веќе каишот што ми го купи Клаудија во Белфаст веќе нема дупки. Бидејќи не сакав да го оштетувам решив да купам друг, па ако треба да...






