Дневник бр. 20

Оригинално објавено на July 1, 2012 

Умор

Уште едно 8дневно крстарење позади мене, и уште едно пред мене. Вечерва во Buena Vista Theater имаше премиера на The Brave за вработените, ама бидејќи заглаивме на состанок до после полноќ, ништо од филмот. Олеснителна околност е што ќе има уште една проекција за 5 дена. 

Од интересните моменти што се случија на минатото крстарење би го издвоил запознавањето на Аби Хопкинс. 12 годишно девојче кое има сон да стане фотограф на храна. Ме врати 17 години назад низ времето кога сакав да работам во телевизија, да создавам програма. Од мојот сон не испадна ништо, т.е. имаше еден краток период во БТР ама не беше поврзан со техничкиот дел од телевизијата. Енивејз, се надевам дека ќе и се исполни сонот и ќе биде се во ред. Има голема поддршка од родителите. Од мене.. ги ставив Хопкинс на листата на магични семејства (добиваат сертификат Magical Family и неколку сток фотки). 

Друг интересен момент е мојот цимер Федерико. Знае по неколку зборови на скоро сите јазици кои се зборат по бродовите. На Vision of the Seas имал колега Македонец и од него научил да пцуе на македонски. Јас сепак од него досега најчесто слушам „Фала ти“. 

Чеклистата ми е на пола. Се надевам дека на ова крстарење ќе ја завршам и ќе бидам Фотог2 од следното. 

Денес имав два интересни моменти. Првиот е што за прв пат видов Македонка на бродов. Секогаш кога зимам картичка од гостинот што го фоотграфирам го читам презимето за после фоткањето да кажам „тенк ју мистер Џонсон“ или „тенк ју мис Браун“, „аригато“ ако фоткам јапонци (омилени ми се за фоткање). И така читам јас денес Златановска... ги тријам очите, читам пак... Даниела Златановска. Пред 10 години го напуштила Скопје. Сепак бидејќи лиинијата беше брза ги чкрапнав нејзините деца со Мики и преминав на следното семејство. 

Друг интересен момент се семејството Саундерсон, со синовите Еван, Рајан (третиот го забораив) и братучедот Брендон. Рајан носеше дрес од Кармело Ентони и реков дека не се вика Рајан туку Кармело. На тоа татко му кажа дека утре ќе биде Леброн, уствари Мајкл Џордан :) И фативме муабет за баскет, за тоа дека Тони Кукоч ми беше омилен играч, па преминавме на оригиналниот Дрим Тим... ама дојде Плуто :/ Енивејз, ќе ги фоткам и утре пред Волт Дизни театарот. 

И за крај, ова умор во насловот е бидејќи денес се острев да шетам низ Њу Јорк, ама легнав после полноќ и станав у 5 и пол за да бидам на утринска продажба. Околу 9 и пол јадев појадок и си реков дека ќе дремнам саат/два и ќе шетам низ Њу Јорк, ама 2-3 пати стискав снуз на телефонот и на крај си реков, заеби шетање низ Њу Јорк, да си поспијам јас. Се разбудив у 2 попладне и на раат се спремив за да почнам со работа во 4. Њу Јорк во некоја следна прилика. Или можеби како турист :) 

Comments

Popular Posts