Морнарски дневник бр.1
Оригинално објавен на 21 април 2012
Првите денови на брод, како првите денови во војска, со мала разлика, бродот се ниша. И најважно од се, има интернет, скап и бавен, ама го има.
Поради лошото време во Key West откажани се неколку активности, како и две точки од обуката што значи ќе имам време да дремнам малку. Само да ми заврши сушењето на алиштата.
Ритамот е мошне напорен, обука од 8 до 4-5 и после тоа работа до 11..12... Поради голем број на членови на екипажот во Дизни Меџик, цимерот ми е од друг оддел. Тук-там има по некој од балканскиве земји, ама само јас сум Македонец таму.
Мобилниот има прием само кога е во Порт Канаверал.
Се извинувам за некреативноста, ама тоа е...
Сите викаат дека првите 30 дена биле многу тешки на брод. Мене досега ми поминаа еден и пол ден.
Comments
Post a Comment