Бродски дневник бр. 10 (посета на Порт Канаверал)
Оригинално објавено на Мay 18, 2012
Стопанска банка, пуста да остане
Денес добив слободно време да скокнам до град. Излегов од брод, фатив комбе кое иде од пристаниште до град за 5$ и стигнав у трговскиот центар. Веднаш до влезот банкомат на кој пишува со големи букви Cash Here! Ја ставив картичката од Стопанска банка на која имам нешто над 350$ од менито одбрав најголем износ 120$ и почекав и на крај добив порака дека трансакцијата е неуспешна. Се јавив во кол центарот, чекав, чекав... мислев дека ќе ми отиде цел кредит на телефон кога на крај се јави оператор и ми кажа дека мојата VISA Electron картичка е само за употреба во Македонија?!?!?!?!?!?!?!?!
Максимално накалиописан почнав да шетам низ трговскиот кога еден израелец што продава продукти за нега на кожа почна да ме гњави за да ми продаде продукти за чистење на кожата на лице, тело... све то фино, лепо, ама јас останав со 20тина долари у новчаник и на крај му кажав на типот дека сум ептен тазе на брод и дека не можам сеа ништо да купам. А баш интересни продукти, ама тоа е, стопанкина банка пуста да остане.Енивејз во трговскиот еден куп интересни продавници, почнувајќи од некои локални брендови, до Викторија’с сикрет и Најк. Нормално дека влегов во продавницата на Најк, во која патем има и adidas и Reebok и акцентот е ставен на Air Jordan брендот. Кога ќе иам некој долар вишок обавезно ќе си купам нови адидаски и дрес од Коби :)
На крај фатив комбе за назад за да го фатам ручекот на брод.
Она што е интересно за овој крај е дека куќичките скоро сите се бараки од ефтини материјали затоа што од време на време има урагани и не се исплати да правиш скапа куќа. Ама затоа пред секоја куќа по два-три џипа, евентуално некој долг седан.
Comments
Post a Comment