Бродски дневник бр 11

Оригинално објавено на May 21, 2012 

Речиси ојде пуначот за лаптопот

Мојот полнач за лап-топ почна да покажува знаци на непослушност уште кога бев во Мајами, ама не обрнував премногу внимание. Секој нареден ден станува се полош. Се надевам дека ќе успеам да го наполнам лап-топт во меѓувреме некако. И се надевам дека ќе најдам некое добро човече со полнач за ACER додека не земам плата па да идам да побарам по пристаништава. Вчера правев муабет со Ивана и ми кажа дека сакала Acer, ама во последен момент се решила за Asus бидејќи бил поубав на иизглед, ама сеа па се жали дека и е спор некако :/ 

Добра вест е што во тимот добивме 2 нови члена, Оксана од Украина и Огнешни (КИМ) од Јужна Африка. Оксана работела на Disney Wonder (бродот на кој требаше првично да отидам и ми кажа дека е добро што сум на Меџик затоа што тимот тука е подружељубив и луѓето се фини, нема лоши личности). Ким е нов фотограф, што значи дека веќе не сум најнов во тимот. Утре идам на цееремонија по повод 1 месец работа на Дизни Меџик :) 

Денес беше забавно на сејфти дрил. Али (Алесандра) од карактерите беше хајпер, тропаше глупости и правеше глупости цело време. 

По завршувањето на ова крстарење имаме дводневни подготовки за Њу Јорк. Ќе биде малку гужва, ама после тоа имаме 8 дневни крстарења, што значи дека ќе има малку слободно време, се надевам :)

Comments

Popular Posts