Бродски дневник 13
Оригинално објавено на May 26, 2012
Статуата на Слободата
Јеее бејби, ај ем ин Њу Јорк, конкрит џангл уер дримс ар мејд оф :)))
Но со ред :) И со усуууул :))))
Вториот ден без гости во попладнето имавме средба со карактерите (луѓето кои ги носат костумите на Мики, Мини, Доналд, Дејзи, Чип и Дејл, Капетан Кука... и воедно се принцези, Синдерела, Снежана, Заспаната Убавица). На крајот на средбата имавме претставување, и кога станав и кажав Тони цел карактер оддел почна да аплаудира и да вика. Потоа луѓето од мојот оддел ме прашуваа која е мојата тајна, како тоа сите принцези ме сакаат :))) Јас им реков дека само сум добар со нив, ништо посебно :)))
После тоа фатифме пола тим на отворен ден да се сунчаме, па у базенот за возрасни, па у кафичот одма до базенот на по едно смрзнато мокачино (4,25$ ама стварно е ТоБ) и на 10 минути пред да си идеме Ким ми кажа две три финти како да се научам да пливам. Енивејз, мора да одам пак на базен да вежбам, иако не препливав 1 базен сепак беше многу забавно :)
Вечерта мислев да ставам облека у машина за перење и после тоа да фатам кревет, ама не ми било судено. Уште во пералната ја сретнав Натали од Сент Луција, карипски остров. Натали ја запознав уште во Орландо, бевме заедно во тим за време на обуката таму. Чекавме да се ослободи машина и баш се замуабетивме. Енивејз, пола саат пред да дојде време да збирам облека од сушална ми се јави Стеф и ми кажа дека има собиранка у Кру Бар. Ни на крај памет не ми беше да идам у кру бар бидејќи испив еден ибупруфен пред да одам у перална, но, чунки ние поповите за мака сме родени запалив патиките по I-95 (главниот ходник во бродот) и во кру бар на еден Хајнекен, па уште еден, па уште еден... Енивејз, главен момент на журката беше танцувањето на фото-тимот засилени со дел од Пало (ресторанот на највисокиот дек, 10). Додуша тоа не е ни тешко кога имаш две украинки 1,81 и 1,84м високи плус унгарка од 1,80 и филипинка од 1,77 и сите танцуваат ТоБ. Мене лично најинтересна ми беше Али од карактер одделот. Со татко од Полска и мајка од Германија, растена во Сан Диего Калифорнија... сува лепота. За жал она на кратко се задржа во кру бар. фото тим остана до фајрон, после фајрон кај Франческо од Пало у кабина на вино и грицки. Оообоже, сепак сум бил парти енимал :)))))
И денот Д, уствари ЊЈ денот :)
Се будам од спиење и гледам дека цимерот пуштил на ТВ камерата од предниот дел на бродот, а таму, само носот на бродот и магла, бело низ цел ТВ :/ Енивејз, каснав појадок и фатив накај фото лаб да земам опрема и да фатам кабина на дек 5. Њу Јорк сеуште бел, зградите се гледаа до 30 кат, нагоре бело. Статуата на слободата... силуета во маглата. Но и таква сепак предизвикува посебно чувство. Потоа се префрлив на другата страна на бродот и видов противпожарен брод кој прскаше вода од сите страни. Млазовите вода изгледаа како нозе на џиновски пајак. Фотографиите од сите овие работи се на серверот в фото-лаб, кога ќе имаме малку слободно време ќе ги земам и ќе ги закачам на ФБ :) Потоа собравме опремата со нас и се наместивме на пристаништето. 5 фотографи и 2 менаџери, ама бидејќи ни е прв пат во Њу Јорк мораше се да биде како што треба :) И беше мошне интересно, климата беше пуштена на ладење, а надвор веќе ладно... во превод факинг фризинг, а јас немам ветровка :/ ама преживеав :) јак момак сум, овај нали :)
И додека имењакот Зен рапува за Њу Јорк, јас фотографирам туристи од таму :) во 4:30 отидов на отворениот дел од дек 10, да фотографирам гости со пејзажи од Њу Јорк во позадина. Згради, па ниски згради што беше троа досадно, и на крај Статуата на Слбодата пак, ама овојпат во мошне добро светло. Бидејќи бродот веќе забрзуваше растеше и адреналинот да исфотографираш колку можеш повеќе луѓе со статуата позади нив. Како за прво фотографирање на испловување беше ОК, и дефинитивно арно ќе биде да се повтори тоа :)
Ова издание ќе беше малку пократко, ама на ESPN идеше the best of PRIDE (една од ultimate fight федерациите), па во пауза меѓу две борби пишував, и за време на борбите ми паѓаа нови идеи што да напишам и напишав скоро се тука :) Значи без усул, ама што да се прави, тежок живот фотографски. Додуша фотографија е еден од полесните бизниси на бродов, келнерите и собарите заработуваат повеќе, ама и работат многу повеќе, и во потешки услови, така да јас сум директор, што би рекол Горан, србин од Хрватска, на што јас одговарам, ае убав дечко, све му стои убаво, и додавам дека умре ромката што ме фалеше па сеа морам сам да се фалам :))))
Comments
Post a Comment