Бродски дневник бр.14

Оригинално објавено на May 30, 2012 

Прв добар шопинг во Кејп Канаверал 

Дооообар ден денес во Кејп Канаверал, но со ред :) 

Синоќа за прв пат работев во лабараторијата, менувавме црева на некои од машините. Мислам дека тоа ќе ми биде најдобра мотивација за напредување до Фотог 2 и Фотог 3, поминувањето малку повеќе време во лабараторијата :) Енивејз, од 1 до 2 и пол менувавме црева на некои од машините јас и лаб менаџерот Мајк. Се потсетив на времето кога со Саленет поставувавме мрежна опрема во ОГБ и нет кафана :) 

После тоа кабин парти до 4 :/ Ааа фак, интересна работа, ама со усул, синоќа се забораивме.... утрово беше мачно за станување :/ 

Енивејз, тргнав јас по патот со сонцето и налетав на бјутифул Марија од Белград. Она е уствари белграѓанка колку што сум јас скопјанец, али неврмајнд. Работи во рестораните. Денес сепак таа отиде во Волмарт, ама имавме доста време да се измуабетиме у комбето кон град :) 

И најважното нешто, вадиш 120 долари од банкомат и тој ти вика дека имаш уште 111 :)))) Да имав повеќе пари ќе требаше да земам башка такси за накај брод :))) 

Пишав еднаш порано за трговскиот центар во Кејп Канаверал, ама денес го истражив фино :) Најдов Nike Kobe 7 (140$) во Footlocker и AirJordan (од 80-120$) во Finishline. Аххх... искушениееее.... во Финишлајн идеше d&b музиче у позадина, па решив да ги пробам џорданките од 120 долари. Најпопрекрасни се :) Ахх... ама сепак ми мириса дека тука ќе дојдам по најки за Сања, видов едни најпопрекрасни за девојче 110$, во Скопје гарант ќе бидат 200$ АКО ги донесат. Енивејз... имам чувство дека патиките што сега ги имам ќе бидат оставени на рециклажа на крајот на мојот договор :)) И сум сигурен дека следниот шопинг ќе си купам маичка Lakers 24 (само 25$). Купив и некои потрепштини од Sears (имааат еден куп облека, огромна продавница со буквално секаква облека :) И најинтересното: ИТ продавниците. Во првата во која влегов видов Acer ONE 12 со двојадрен АМД, 4гиги рам, лиценцирана 7ца за 300$ (заборавив да прашам колку данок ссе плаќа, ама сепак, лаптопчето е ТоБ). Втората продавница е уште подобра. Другар ми Зоки (#gangsters, MoL, On.net) би бил совршен инвентар тука. Ептен релакс атмосфера, у еден ќош секонд хенд хардвер, и гаџети, На еден ѕид стрипови, на друг ѕид игри какви што има у Гоблин. У позадина секакви куќишта и мини сервисче за прва-рака тестирање на хардвер во кое доминира куќиште аквариум. Нема рипки, ама има мноооогу вода :))) има и маички со мотиви од стрипови, најкул место што имам видено досега во ова америкава :) Од тука си купив кард ридер со кој конечно си ги префрлив работите од мојот за жал без батерија SonyEricsson C510i. Моментот кога ќе си префрлиш 2 гиги од строго одбрана музика е прајслес :) Сеа ќе иам што да слушам :) Си купив и пунач за лап-топот, у случај сегашниов да реши целосно да цркне, иако пустиот почна да се оправа... Марфи. Од кркање да ја истакнам полнетата пица во италијанскиот ресторан во фуд корнерот. Чудно, ама сепак вкусно, освежување после сета таа бродска храна :) И си стаив кредит на телефонот и им пишав на скоро сите 5 души кои ги имам во именикот во новиот телефон :))) 

На пат кон пристаниште се возев во комбе со луѓе од Калифорнија кои се преселиле во Џерси. Им кажав колку би сакал да идам во Калифорнија, тие ми кажаа дека биле неколку пати во Грција, но не и во Македонија. 

Сега идам да спремам студио за фотографирање карактери. Ако има некој гостин останат у бродов (еден куп автобуси заминаа за Дизни Ворлд во Орландо)... Ако не ќе се сликам сам со Чип и Дејл :))))

Comments

Popular Posts