Бродски дневник 15

Оригинално објавено на June 3, 2012  

Чколија сакс

Денес започна второто крстарење од Њу Јорк до Бахамите, Порт Канаверал и назад. По некој чуден сплет на околности добив вечер оф. Земав навигатор да видам што може да се прави оваа вечер и почнав да планирам... шоу во Walt Disney Theater... фотографирање со Мики, Мини, Плуто... гледање филм на компјутер... и тогаш ми текна: Испитите на онлајн чколијата на Image University :/ Поминав три испити, заедно со три од порано имам уште 10 до комплетирање на следното ниво. 

Во меѓувреме да пишам дека новиот Светски Трговски Центар во Њу Јорк се гради брзо и ќе биде многу личен. Бруклин бриџ изгледа величенствено. И видов брод транспортер натоварен со еден куп контејнери, груба пресметка 700-800. Сето тоа го видов бидејќи бев распореден да фотографирам испловување :) 

Исто така да пишам дека Оксана ќе ми биде комшика во две кабини после мене. Нема да бидам единствен фотограф во stairway 6Б. Нејзината цимерка е од шопинг одделот, една танка ем висока плавуша од Англија. Кога сме кај цимери ова е последно крстарење на мојот цимер Алден. 

Пред два дена ми загина телефонот, ја пребарав скоро цела кабина ама телефон никаде... на крај се јавив кај шефот на собарите и по некое време се појави Хајди и го извади телефонот од единственото место што не го проверив во цела кабина. Се потсетив на војска кога еднаш чистев пушка и пријавив дека е чиста. Водникот извади нечистотија од единственото место што го немав исчистено... енивејз, ова со Хајди, хајд енд сиик, на крај заврши ОК.

Comments

Popular Posts