Бродски дневник бр.16
Оригинално објавено на June 8, 2012
Кога коцките ќе се наредат
Второ осмодневно крстарење од Њу Јорк до Бахамите и назад. Една од побитните работи што се случија е доаѓањето на нашиот Оперејшн Менаџер, Кевин. Тој е шеф на Чаба и е задолжен за успешното работење на неколку бродови меѓу кои и Дизни Меџик. Имав средба 1 на 1 со него и ми кажа неколку интересни совети кои ќе почнам да ги применувам во блиска иднина. Сега уште да иам 1 на 1 со Чаба и да ги склопам коцките за моето успешно работење на Дизни Меџик.
Денес имав слободен ден бидејќи гостите беа во Walt Disney World и да се пофалам дека во трговскиот во Кејп Канаверал, Мерит, си купив најпопрекрасни влечки адидаски. Дизајнирани така што го масираат стапалото, чувството е бесценето (види линк во статус подоле). Користев брз гага нет и положив 4 испити. Се обидов пет, ама веќе бев малку уморен, гладен, ми се идеше во тоалет и нормално паднав. Додуша испитот беше за опрема за осветлување на студио која ја немаме на нашиот брод, ама сепак испит си е испит, мора се да се знае (барем 80% од прашањата да се одговорат точно). Уште 4 испити да положам и два да преполагам и ќе бидам спремен за унапредување.
Кога бев во Насау, Ешлин од карактер одделот беше мошне накалиописана, и и пуштив The Prodigy - Breathe и ја расположив. Денес ја видов во Мартинс чизми и Рамонс маичка. Ни на крај памет не би помислил дека би ја видел во такво издание, сепак пријатно изненадување. Ќе имам што да ја муабетам кога ќе ја видам :)
Енивејз, главен настан беше тимската активност, вечера во Пало, италијански ресторан на највисокиот дек 10 на Дизни Меџик, неколкупати наградуван ресторан. Беше мошне забавно да се крка заедно со тимот во фенси ресторан :) Бонус е тоа што шефот на ресторанот е дечко на една од девојките од тимот, а не служеше дечко на друга од девојките од тимот :)
После Пало фативме кру-бар на по една пијачка. На враќање кон кабина ги видов луѓето од М’рчндајз (шопинг) одделот собрани у ходник со музиче, пивце, чипс, па седнав со нив и тадааааммм... една од шефиците има европски модел на СониЕриксон, јееее... утре ќе зеам пунач и ќе си го наполнам мојот СониЕриксон :) После тоа ќе иам телефон за фоткање :) Бидејќи се потроши пивото кое го имаа фативме пат кон кру-бар на инглиш парти. На почетокот Spice Girls - Stop, Robbie Williams - Rock DJ, ама после тоа S club 7 и си реков, ај да палам патиките за назад, и онака утре треба рано посабајлечки да фотографирам принцези. За чистење уши си пуштив Guano Apes - Best Apes компилацијата :)
Comments
Post a Comment