Дневник бр 18 (одлични 24 часа, 17 јуни)

Оригинално објавено на June 18, 2012 

Happy father's day 
Goodbye Mark Nesterenko, hope to see you in the next contract. 


За почеток бидејќи сум во американски води, а денес во америка е денот на татковците да му го честитам денот на Миле Пивце :) 

Ако гледаме прецизно 24 часа, денот не почна совршено. Приметив дека немам чисти кошули, ниту чисти мајци, па фатив пат кон перална :/ И бидејќи имав 2 часа среде ноќ исполнети со чекање, решив да ги искористам максимално и се обидов со последните 2 испити кои ми беа останати, и ги поминав успешно. Во меѓувреме се поздравив со Марк од Украина, со надеж дека во следниот договор ќе бидеме повторно на ист брод. 

Посабајлечки тргнав кон кру-мес да каснам појадок и им се случи блек-аут (снема струја). Толку многу храна без вентилација, си помислив дека ќе се умирисам на кујна ептен, ама немав избор, морав да јадам нешто. Во меѓувреме дојде струја и се беше ок. 

На терминалот во Њу Јорк една од менаџерките сакаше да не смести надвор на ветровито време. Нејзиниот изговор беше дека сме ги кочеле гостите на нивнито пат кон бродот. Постоеше ризик да ни летнат позадините, на што таа смисли „генијално“ решение, да стави екстеншнс (оние ленти за правење прегради во простор). Сепак набрзинка се сместивме внатре во терминалот, и успешно иссликавме укрцавање. 

Потоа ги запознав новиот лаб менаџер Мартин од Филипини, и новиот колега фотог3 Марк од Шпанија. Вечерта помина релативно вообичаено. Шатерс-Парот Ки-Шатерс-Парот Ки-Шатерс. Првиот пат во Парот Ки имав доста гости аутисти и луѓе кои се грижат за нив, па прескокнав доста маси. 

За крај на 24те часа, состанок во фото лаб, и таму писмо од Емили Џонстон, гостинка со која се помуабетив додека го чекавме Плуто за сликање. Утрото дошла во Шатерс на утринска продажба да се поздрави со мене, ама бидејќи не бев таму ми пиша писмо во кое посебно истакнува да ги поздравам моите 2 сестри. Направивме и проверка на коментарите од гостите од последното 8дневно крстарење и еден гостин го наведе моето име во графата „Вработени кои ви приредиле магични моменти за време на крстарењето. 

Comments

Popular Posts