Морнарски дневник бр.2
Оригинално објавено на April 26, 2012 at 6:48pm
Ако некогаш некаде тргнувате на напорна работа, немојте да носите со себе работи кои ќе ве потсетат на тоа колку ви бил лесен животот претходно. Со мене понесов екстерен хард диск со филмови и музика, и колегата Марк од Украина ми побара музика и му дадов цел хард диск, нека копира се што му се свиѓа :) на дискот први фолдери ми се Kampanja и KURS и кога ги видов се потсетив колку повеќе уживам кога треба од цел настан да извадам неколку ТоБ фотографии кои ќе останат, отколку пристојна фотка од СЕКОЈ гостин на бродот. Со надеж дека на гостинот ќе му се допадне и ќе ја купи таа фотографија подоцна.
Сега веќе немам обуки за почетници, така да имам малку попристоен распоред, што во превод значи 3-4 саати работа насабајле, па саат и нешто попладне, па малку одмор и едно 6 саати турбо докај 12 навечер. Бедот е што додека легнам фаќа 12 и кусур а треба да станам у 6:30 за да бидам на време избањан, избричен и појадуван и на работа. За 2 дена ќе го имам првото слободно утро, освен ако секјурити офицерите не им текне да ме вметнат во некој дрил :/
И за крај една реклама за Нокиа 1616, држи батерија со денови, посебно вака у No Network мод, ехеееј со денови служи како будилник :))) Енивејз, штета што не можам да си најдам пунач за SonyEricsson C510i имам доста интересни ствари у тој телефон, ама немам ни кард ридер за да си ги префрлам тие ствари у компјутеров :/
Ах да, и најважното, сеа за сеа морето е мирно, за разлика од претходното крстарење кога бев на граница на морска болест.
Comments
Post a Comment