Бродски дневник бр.21
Оригинално објавено на July 9, 2012
Најпосле унапредување
Заврши уште едно 8дневно крстарење од Њу Јорк до Бахамите со посета на Дизниленд за гостите (деј оф за вработените). Сега на ред е 5дневно до Канада. Мое прво како Фотограф2. Најпосле стигнав до унапредување. Сега ќе имам дупло повисока плата. Поради специфичниот систем за плата во Имиџ, ќе почнам да добивам фини пари после 1 август, но не се жалам, ќе преживеам до тогаш :)
Друг интересен настан се фотките од Каставеј Ки. Прекрасен остров, приватна сопственост на Дизни компанијата. Малку задоцнив со работа па ми остана само 1 саат слободно време на островот, ама битно се фоткав со Ким. Се надевам следниот Каставеј Ки ќе имам повеќе слободно време :)
Слободниот ден во Порт Канаверал го искористив за посета на Волмарт во Кејп Канаверал. За да доловам колку е голем, замислете го Веро Центар цел спрат да е маркет. Не знам колку време потрошив за да го ѕирнам набрзинка. Внатре има буквално се. Ствар што ми остави посебен впечаток беа мајците и шорцевите за 10 долари (во трговскиот центар се од 20 до 50 долари). Следниот пат ќе си купам една маичка USA olympic team 2012 :D За хајлајт на шопингот ја издвојувам кутијата со 20 лименки Пепси за 5 долари (на бродов 1 шише од пола литар е 1,25 :/ ) После тоа на гага нет во трговскиот, стробери шејк, пилешки стек и најинтересниот помфрит кој го имам јадено досега. Ако не заборавам следниот пат ќе го фотнам :) Сепак главен настан е „филмската вечер“ во кабината на Ким и Ани. Го ставив ова во наводници бидејќи на крај се собравме цел фото тим во нивната кабина и немаше услови за гледање филм, ама имаше мнооогу пиење :))))
Но не беше се фрлено во разуздан живот, пред да одам кај нив во кабина бев за прв пат во кру-џим. Ги пробав сите машини во теретаната. Наредните неколку денови имав болки во градите, ама ќе ме биде :)))
Гостите, секое крстарење различни. Од ова крстарење ќе издвојам неколку семејства. Први се Саундерсон кои ги наведов во претходниот дневник. Ги пишав за Магично семејство, ама последните денови слабо ги гледав. Само Џерид на претпоследниот ден. И Даниела Златановска слабо ја сретнував. На последниот ден дојде со децата да купи неколку фотки. Затоа за гост на крстарењето го издвојувам Спирос. Прв пат го сретнав во Шатерс и кога прочита Macedonia на мојот нејм-таг ме р’чна дека Македонија е грчка. Веднаш му одговорив дека тоа нема врска, дека се работи за два сосема различни народи и држави. На тоа тој ми одговори дека уствари ние би можеле да живееме заедно во слога да не се нашите политичари. Неколкупати ги фотографираф неговите деца и кога дојде да ги купи фотките ми се заблагодари за одлично завршената работа и цврсто ми ја стисна раката.
Од технички аспект да издвојам дека ова ми беше најлошо крстарење досега. Еднаш ги „изгорев“ фотките од ресторан, ги изгорев фотките од Дејзи Дак на формалната вечер, го утнав колор балансот на втората „Собиранка на принцези“ и Снежана испадна црвеникава, истата вечер ми откажа radio slave (поим неам како го викаат во Македонија) и у меѓувреме го изгубив колор балансот па фотките од Чип и Дејл отидоа во сини тонови. Капак на се, сепак, не е моја беља. Машината за режење беше нападната од гремлини*. Ваљда ќе ја опраат утре.
Го завршувам овој дневник со надеж дека следното крстарење ќе биде поарно.
*гремлини - термин кој се користи кога електронските уреди без никаква посебна причина одеднаш престануваат да работат или работат на сосема погрешен начин.
Comments
Post a Comment