Дневник бр. 22

Оригинално објавено на July 13, 2012

Халифакс, Канада е убаво место

Заврши уште едно крстарење до Канада. Од аспект на работа, досадно. Надвор од работа не беше лошо :) Имавме една кабин парти кај Ким и Ани. Оксана од претходното крстарење доби бакшиш гајба Смирноф Ајс, Федерико купи неколку пива и журка до 3 сабајле :)))) 

И сега малку опширно за она што го спомнав во поднасловот, Halifax. Добар дел од фото тимот решивме да правиме пик-ник во паркот во Халифакс. Градот е едноставно прекрасен. За жал заборавив да ја наполнам батеријата на телефонот така да слики во следна прилика. Девојките купија цреши, јагоди и деалкохолизирано вино. За виното приметија дури кога стигнавме во паркот, така да беа малку разочарани. Јас бев разочаран затоа што немаше гага wi-fi, ама што е тука е :) Повеќе време за муабет :) И за јадење цреши и јагоди кои за мое изненадување беа мошне вкусни. Црешите ме вратија 20 години назад во времето кога едно лето поминав неколку дена од утро до вечер на една од црешите во мојот двор, се додека не ги изедов сите цреши. Од тогаш ретко јадам цреши. Овојпат морав да пробам поради моите предрасуди дека храната во Канада не е вкусна. 

Наредниот ден бродот беше вкотвен во Сент Џон, ама без пари и без некоја желба за искачање надвор решив да поминам малку време во теретана. Овојпат го следев начинот на Ани. Трчање (цели 6 минути, јеј) и потоа на справи. Во меѓувреме на еден од телевизорите идеше Тор, па се смеевме на некои нелогичности во филмот :) 

За изненадување на крстарењето го прогласувам моментот кога Синтија почна да се отвора и да кажува детали од нејзиното минато :о 

Comments

Popular Posts