Бродски дневник бр. 5
Оригинално објавен на May 4, 2012
Поминаа две недели од моето морнарисување. Генерална оцена, полошо отколку у војска. Највеќе ми недостасува одењето на терен за легализација на дивоизградени објекти со Стојка во фабриката Железара. Недостатокот од брз интернет се подразбира, овај нали :) Енивејз ќе издржам 8 месеци, па за понатаму ќе видиме.
Пишав дека ќе фатам да учам, ама едноставно немам енергија за тоа :/ Поради незгодниот распоред не можам да фатам ни НБА да погледам. Кога ќе се приберам у кабина гледам само краток преглед на денот. На каналиве тука даваат фини филмчиња, ама пак... ниту време, ниту енергија за гледање филм.
Пред некоја вечер го видов единствениот Македонец што работи за Дизни на бродов (јас работам за концесионер), Влад, ама само на кратко помуабетивме, се надевам ќе го начекам пак...
Comments
Post a Comment