Бродски дневник бр.6
Оригинално објавено на May 7, 2012
Драга Кајгана,
Еве поминаа 2 недели како р’мбам по ова бродов. Ова бродскава фотографија најзаебана врста на фотографија, еквивалент на на пример МекДоналдс во храна, само што овде имаш скоро цел ден работа, плус од време на време треба да си ги переш алиштата, што значи да начекаш слободна машина, па да си ги собереш на врем алиштата, некој да не ти здипли чорапа, итн... Плус тоа ми се погоди период кога 3 девојки заминувваат а доаѓаат 3 нови, ама во меѓувреме имаме период со мањак луѓе па се работи дупло. Или 10 пати повеќе отколку во општина што работев.
Енивејз, еве денес во Насау се гласа, ама не е забавно ич, ич не се потресуваат. Немаат ни смешни листи како србите :/ Од сонцето све им е рамно :)
Сепак нешто што највеќе ми смета е што на бродот интернетот е скап и бавен. Би работел на крај на свет, само да имам пристоен интернет. Ќе преживеам и тоа што нема да бидам на Марли Деј у Парк, тоа што нема да ги видам Металика, Продиџи у Белград, Лени во Скопје, Орбитал... ама ова со нетов... се ми мириса дека за католички божиќ ќе се вратам дома и нема да фаќам брод повеќе у живот.
И да... интернет активизам... гледам тука #spreadthetruth, #Влијателни против #Кајгана... фак дис лајф он а круз шип.
Comments
Post a Comment