Бродски дневник бр. 7

Оригинално објавено на 7 May 11, 2012 

Почнувам да го свиѓам бродов. Има неколку причини. 

ПРВА, ми стигна првата плата од Имиџ. 103 долари за 2 петдневни крстарења (и за 150 долари намален долгот за камера, униформа и гаранција). Што би се рекло вкупно 253 долари за 10 дена. Кога ќе станам Фотограф 2 ова ќе биде отприлика дупло (уште да најдам време за учење...) 

Втора, синоќа бев на тим билдинг активности. 6 момци и девојки од фото тимот бевме во спа центарот тука на бродов, парна соба и излежавање на лежалки, раат муабети за тоа кој од каде доаѓа, какво семејство има, што правел пред бродскиот живот, шеги :) СПА центрите владеат :)))) На луѓето не им се верува дека бев ко Исус во предбродскиот живот :)))) 

Трета, имаме нова девојка во тимот, откако три девојки заминаа, дојде една, ама вредна, Ивана од Црна Гора. Додека да дојдат уште две нови, ќе туркаме некако со тимот, кои сме, тука сме, ќе не биде :) 

Инаку кога веќе седнав да пишувам малку повеќе, да ги напишам тука луѓето со кои сум опкружен тука на бродов. 

- Алден, мојот цимер од шопинг одделот, од Филипините. Откако наполнил 21 е по бродови, а сега има околу 35, што значи мнооогу време на брод :) Огромна помош добивам од него. Тој е тазе фотограф, скоро купи Никон 3100 па му кажувам финти и на тој начин му возвраќам за поддршката што ја добивам од него. 

- Марк од Украина, првото момче на фото тимот. Другарче и пол. 4 месеци на брод, помлад од мене, малку повисок и помускулест, има девојка Ријана која е поубава од певаљката со исто име :) 

- Менаџерскиот дел од тимот е оставен од бизнис менаџерот Чаба, унгарец од Романија, асистент менаџерот за продажба Стефани од Филипини и асистент менаџерот за продукција (производство) Мајк, исто од Филипините. Ако 1 Маре (мојата шефица од ИнтерНИК) е единица мерка за одличен шеф, овие би ги ставил некаде околу 0,8 Маре. 

- Ина од Украина, привлечна млада дама, типична украинка, висока, русокоса со сини очи и што би рекле некои ноги 2 метра. Одлично другарче. Од факс дошла директ да работи на брод :) 

- Синтија од Макао, девојка што цел живот учела музика а фотографијата и била хоби, сега е во обратна ситуација. најниска ни е во тимот, па пазиме на какви должности ја распоредуваме и и помагаме секогаш кога треба. Уствари во тимот сите си помагаме еден на друг :) 

- Анико од Унгарија, со 10 години привремен престој во Лондон. Најдобра во тимот, и со најдолг стаж, 4 месеци. Бродот ни е повеќе за обука на фотографи. Енивејз, Ани порано одела на журки во напуштени објекти низ Лондон. Среде ноќ добиваш СМС со локација на објектот, идеш и се журкаш се додека не дојде полиција. Ептен андерграунд. 

- Ивана, најнова во тимот, била 2 мессеци на друг брод па ја донесоа кај нас. Учела чколија за да биде учителка по англиски, хоби РПГ игрици ( ^.^ ) и омилен бенд GNR :/ ама не може се да биде таман, нели :)

Comments

Popular Posts