Бродски дневник бр.8
Оригинално објавено на May 13, 2012
Средба со собарите
Повторно Кастауеј Ки, и повторно плажа, и повторно не го стигам мојот таргет... што да праам, едноставно јас и плажа у иста реченица, ЈОК.Енивејз, синоќа Лејкерси ги победија Нагетс во 7миот натпревар од првото плеј-оф коло. Утрово си викав, фак, требаше да го преспијам натпреварот... ахх тежок живот на спортски фан :)
Туку... денес си напраив раат муабет со Фрој од Филипини и Ивана од Хрватска. Фрој е задолжен за делот кај фото-лаб, и на идење од лаб кон кабина застанав да си помуабетиме. Има 31 година и веќе 6 години е на брод. Не зима плата, зима бакшиш и бакшишот му иде од 3,5 до 5 илјади долари. Направил куќа во Филипини, има жена, и планира да работи до 40 години на брод. И најбитното, секогаш дава позитивна енергија, неверојатен човек. Ивана е друга приказна. Втор договор како собарка. Претходно работела во гест сервисис и имала плата 1500 долари, па се префрлила за подобра плата во овој оддел. Се пожали дека има лоша шефица која не и дава одмор кога е болна. Денес беше многу подобра од вчера, само огорчена. Енивејз ќе ја биде :) Само уште да ги откаже цигарите кои ги пуши веќе 17 години :)
И на двајцата им го кажав мојот план за Александрија и потоа да отидам Ирак, Авганистан. Ми посакаа среќа.
А јас сеа идам да префрлам кошулите од перална во сушална.
Comments
Post a Comment