Бродски дневник бр 9
Оригинално објавено на May 18, 2012
Гости од балканот
На бродов доаѓаат гости од сите краеви на планетата, па и од малите напатени балкански држави. Всушност тие доаѓаат од таму, ама веќе неколку години живеат во Америка. Нивните деца се Born in the USA итн.Доброто во средбите со овие гости е тоа што тие разбираат дека ти се трудиш да си ја оправиш ситуацијата. И тие го сториле истото години наназад, и сеуште работат напорно, со таа разлика што сега веќе можат да си дозволат да поминат 4-5-7 дена на Дизни брод. Секогаш се чувствуваш добро после муабетот со нив. Интересно е што од премногу зборување англиски цело време, малку потешко иде префрлањето на нашите јазици, ама „Фала пуно“ е лесно да се каже :)
Најбитна новост се неколку нови луѓе на бродот. Оперејшн менаџерс од Мајами кои не сум сигурен дали ќе бидам само денес на бродот или ќе пловат со нас, и она побитното, 2 нови девојки во тимот, што значи комплетиран тим пред крстарењата кон Њу Јорк.
За пола саат излегувам на мојата прва прошетка низ Порт Канаверал. Импресии во следните страници од дневникот :)
Comments
Post a Comment