Бродски дневник бр.23

Оригинално објавено на July 15, 2012

Дводневно крстарење Њу Јорк - УПМ - Њу Јорк

Дизни има интересни начини на промоција на своите продукти и услуги. Еден од начините е дводневно крстарење од Њу Јорк до отворено море и назад. Првото беше наречено Getaway :D Енивејз, интересна викенд активност. За многу луѓе да пробат како е на крстарење. За редовните да фатат малку одмор на море, нешто ко што нашиве богати по Македонија фаќаат викенд у грчка. Енивејз, крстарењето е ефтино во споредба со другите, така да може човек да налета на голем број ефтини луѓе. Нема да пишувам како другите оддели си поминуваат со нив, ние сепак арно поминуваме. Кога ќе чујат дека една фотографија чини 20 долари им се крева коса на глава, ама па кога ќе видат дека ако не купат барем една, ќе немаат со што да се фалат, сепак врти-сучи на крај купуваат 1-2-3.. 

За гости на крстарењето би издвоил две групи. Во првата се шест 16 годишни девојки. Облини фучеа на сите страни. На Синтија не и се веруваше дека станува збор за 16 годишни девојки. Можеби во Кина девојките влегуваат во побертет на 16 години, додека овие беа машалааа. Втората група беше едно семејство во кое имаше 3 деца, додуша не знам колку беа деца, момчето сигурно беше додека девојките беа како искочени од спот на 50 Cent. Во лобито немаше гужва така да ги гледав како позираат во другите студија. На крај дојдоа во моето. Jawdroping искуство :) 

Добра вест е што Стеф е пак во арно расположение. Бевме исплашени дека ПМС-от ќе ја држи долго. Останати вести од бродот се тоа што Ина се пријави да ни прави друштво на мене и Ани во теретана. Оксана ми пушташе Мјуз и украинска музика од нејзиниот телефон. Си купив Disney Cruise Line крпа, со попуст за вработени 12 долари.И денес два пати јадев заедно со Ким. Ретко се случува да јадеме заедно, но ете денес 2 пати. За утре, поточно денес планирам идење со Мартин до Тајмс Сквер. Повеќе во идниот дневник :) 

Comments

Popular Posts