Дневник бр 24
Оригинално објавено на July 21, 2012
Догледање Стефани Ју и Оксана Долга
Заврши уште едно крстарење до Канада, кое испадна многу добро од неколку аспекти. Прво од бизнис аспект исполнивме таргет, што е релативно тешко на крстарењата до Канада. Второ, имавме ручек за цел фото тим во Халифакс. И трето, најважно, и најтажно, ги испративме менаџерката за продажба Стеф на Оејзис оф д Сиис (вториот по големина брод на планетава) и Окси на векејшн.Првиот ден ми започна со идење до Тајмс Сквер со Мартин, лаб менаџерот. Во сплет на околности тој имаше малку слободно време кое сакаше да го искористи за да отиде до Тајмс Сквер за да направи една фотографија од него на тоа место. Му кажав дека ќе му помогнам во тоа, воедно и јас конечно да излезам на улиците на Њу Јорк. Менхетен е прекрасно место. Тајмс Сквер не е нешто посебно. Она што ми се виде интересно е тоа што скоро сите брендови кои ги сметам за битни имаат продавници таму. Од аспект на храна имаат улични продавачи на хот-дог и Мартин ме частеше :) Бидејќи бевме ограничени со време веднаш се вративме на брод.
Ручекот во Халифакс беше интересно искуство. Отидовме во суши ресторан. Бидејќи бевме голема багра им требаше доста време да ни го спремат ручекот, што го искористивме за сликање, муабетење, смеење :) На враќање, во терминалот видов еден куп интересни работи, ама она што ми остави впечаток беа хокејарските дресови, па можно е да си купам еден :) Вечерта решивме после работа да идеме во кру-бар на журка за испраќање на Стеф и Окси. Таа ноќ беше прајд парти, а внатре, еден куп стрејт луѓе :) Затоа отидовме и наредната вечер во кру-бар на караоке. Тревор од карактер одделот пееше Katy Perry - Fireworks и цело време мафташе за некој да му се придружи, и пијана работа, станав и пеев :) Колку бевме добри поим неам, ама битно беше смешно.
Последната ноќ, емотивно испраќање на Стеф и Окси. Останав буден до 3 и кусур, и денес беше малку тешко на укрцавање, ама преживеав. Можда затоа што надвор врнеше и беше ептен ладно.
Енивејз, од денес имаме нов бизнис менаџер, Рубен од Индија, толку знам за типот, и нов менаџер за продажба, Рама од Индонезија. Дел од екипата биле тука кога Рама бил на бродов пред да дојде Стеф. Ина и Синтија сакаат да работат со него, додека Ани го мрази, ама навистина го мрази. Како ќе биде... ќе видиме наскоро.
Ова крстарење имаше неколку интересни семејства. Први ги ставам моето магично семејство за ова крстарење, Померанц. Татко, мајка, син и две ќерки. Таткото беше многу интересен човек, не штедеше зборови во фалење на нашата работа и фотографиите. Втор ќе го ставам господин Маркс. Користи Canon EOS 50D со батери грип и блиц 580 EX II. За жал не најдов време да се помуабетам повеќе. Трети се смејството Јуинг. Мајка и две ќерки 11 и 9 години. Помалата е мошне забавно детенце, полно со енергија, сака да си игра, позира чудно. Му беа магично семејство на Марк. И за крај Серано од Порторико. Кога бевме во суши ресторанот Хамачи во Халифакс, сметката испадна повисока од буџетот за тимски активности и секој требаше да додаде по 10 долари, собравме пари, плативме, ама збирањето пари ни идеше онака со ц-цкање. Серано седеа на масата до нас и господин Серано извади 100 долари и ни ги даде, ние се противевме но тој инсистираше. После разврзавме муабет. Дружбата ја продолживме и подоцна во бродот.
Сега следни 8 дена до Бахами и Порт Канаверал. Со Ким планираме да го гледаме новиот Бетмен на IMAX во трговскиот центар во Кејп Канаверал. Што ќе биде... во следниот дневник. Сега за сега големо невреме и бродот навистина се ниша. За прв пат имам морска болест. Додуша повеќе е тоа од замор отколку од нишањето, ама сепак чувството е грдо.
Comments
Post a Comment