Бродски дневник бр.25
Оригинално објавено на July 26, 2012
IMAX владее, и Ен Хатавеј е најпопрекрасна на свет, точка.
Осум дневно крстарење пак, јееееее :) Додуша не започна баш најдобро на свет. Фотографиравме укрцавање внатре во терминалот бидејќи времето не беше баш добро, беше мошне ладно и ветровито. Ноќта беше уште полошо, имаше невреме, бродот навистина се нишаше. Едвај издржав во Шатерс. На пауза испив едно апче против морска болест, ама пак не бев ОК.
Во поглед на екипа, требаше да добиеме еден фотог3 и нов менаџер, ама само менаџерот дојде. Рубен од Индија. Како ќе биде, ќе видиме во иднина. Енивејз, ова крстарење со еден човек помалку.
Од значајни настани, ги фотографирав голден и платинум членовите со Мики, и бидејќи имаше вишок време а мањак членови му ја дадов камерата на Мики Маус да ме фотографира со девојката што беше гритер. Така да можам да се пофалам дека освен правење муабет со глушец, сум бил и фотографиран од страна на еден :) Пиратската ноќ беше малку стресна, ми откажа напојувањето за флеш главите, едноставно го фатија гремлини. Каставеј Ки беше мнооооогу жешко, ама поарно жешко отколку дожд :)))) За плажа добив низок таргет, 100 фотки за 1 саат, ама бев добро расположен и исполнив таргет за 40 минути. На враќање кон брод направив уште 15 :) Вечерта добив евалуација на мојата работа во изминатите 3 месеци, и баш сум задоволен од оценката :)
И мојот омилен дел од крстарењето Кејп Канаверал. Утрото добивме залихи од хартија и останати потрепштини, ама морав да заминам на сејфти тренинг. За среќа не заспав на тренингот :) Во меѓувреме колегите завршија со складирање, така да остана уште да се зачисти малку во фото-лаб. После тоа мала пауза и пат под нозе кон трговскиот центар :) Ина муабетеше со дечко и, а потоа и со родителите, а јас и се убацував од време на време у кадар на видео-чет :))) Добив долг мејл од една мила личност, и најбитното, го гледав новиот Бетмен во киното на IMAX платно. Извонредно искуство. Добиваш чувство дека улиците се навистина пред тебе и можеш да зачекориш по нив :) Енивејз филмот е мошне добар. Не е ко претходниот со Хит Леџер, ама затоа пак во филмот се појавува Ен Хатавеј, најпопрекрасна на свет :) Споредна улога е Џозеф Гордон Левит, и е одличен :) Ах и да не заборавам дека на кино бев со Ким и Марк. Додека чекавме такси и пред нас се избаци еден Jeep Liberty, и си викам, ВТФ, и одеднаш во џипот Тедиус, Беверли и Николас. Добив идеја за кога ќе идеме за Орландо следниот месец да изрентаме и ние едно такво количе и да го провозам тимот на шопинг :)
Comments
Post a Comment