Бродски дневник бр.26

Оригинално објавено на August 6, 2012

Стижу долари

Главен настан на изминатото крстарење е мојата прва плата како фотог2. Поради системот за плати на Имиџ дури сега почнувам да ги добивам фините пари. Патем од долгот за опрема и гаранција ми останаа уште 50$ што значи навистина стигаат долари :))) Енивејз си направив фин шопинг изминатиот Порт Канаверал. Адидас патики за трчање од CLIMACOOL серијата. Си купив саат Armitronic кој личи на G-Shock-от од спотот „Ам секси енд ај ноу ит“ :) Купив уште еден куп други работи, како на пример FILA маичка (мојот омилен бренд од средно, плус тоа ја начекав маичката во ROSS за 7 долари :) плус на голема радост си купив и маичка Barca yeeeeeeee :))) Купив и еден куп потрепштини и непотрепштини :))) Да набројам: ракавици за теретана, протеини, чаша за мешање на протеини, 4 списанија за фотографија, чаши трансформерс за Алек.Но не беше само тој шопинг, 2 ноќи пред тоа имавме ноќна продажба на бродов и си купив 2 маички и трењерка горен дел, нормално, најпопрекрасна на свет :) Made by NIKE for Disney Cruise Line. 

Во поглед на гости бродот никогаш пополн, 2668. Имаше интересни гости со кои да ти е мерак да ги фотографираш, да си правиш муабет и све, ама имаше и гоооолем број на поприлично глупави луѓе. Имаше и еден гостин роден во Америка, ама мајка му и татко му се од Скопје. Имаше и од досадните грци кои се обидуваа да ме убедат дека не сум Македонец затоа што не знам грчки, дека вистинските Македонци се уствари грци и слични срања. 

Бев на состанок на тимот за менаџирање на кру активности. Досадно... 

Во поглед на тим, Рубен, новиот менаџер се обидува да се вклопи во тимот. Од моја перспектива е ОК, мада мислам дека премногу навлегува у детали за некои работи. Ни стигна и фотографот што ни фалеше у тим, Димитри од Белорусија. Ниско типче што пуши цигари и сега за сега користи своја опрема, D700 со 24-70 F2,8 и SB900. Доаѓа од Ројал карибиан брод со капацитет 3500 гости. Како ќе биде со него во тим, допрва ќе видиме. Имаме и нов хотел-директор. Некаков си Томас, неверојатна цепидлака. Како ќе се живее со него допрва ќе видиме. Сеа за сеа многу цепидлачи. 

Во поглед на луѓе да пишам дека на одмор отиде Петра од Хрватска, ама се вратија Алден и Сајака. Димитри ќе му биде цимер на Алден :/ На одмор отидоа и Ани од Шкотска, праевме журка у кру-бар, цел тим од Орландо заедно :) На истата журка беше и Три од Англија, и се потпишав на маичка :))) 

Енивејз, следуваат две крстарења до Канада. Ќе има и фото конкурс на теми пејзаж, луѓе и акција, ама за да аплицирам треба да земам опрема од фото-лаб, да арчам време за фотографирање, да арчам време на пост-продукција... заеби, ќе си шетам со тимот или ќе вежбам у теретана, можда ќе ги трчам новите адидаски на дек 4 :) и онака наградата е маички и блузони на темата Дизни Меџик во Канада. Ќе немам место кај да ги чувам, а и нешто не ми се нај-нај овие крстарења по мерак. 

Comments

Popular Posts