Бродски дневник бр.27
Оригинално објавено на August 13, 2012
Досада
Можеби требаше во континуитет да пишам после петдневното крстарење до Канада, ама имавме и дводневно крстарење на кое се растурив од фотографирање, така да немав време, а богами ни инспирација што да пишам. Плус фатив настинка, па пиев апчиња... Денес сум поарен, бев и во теретана малку. Некако немав желба за да излезам да прошетам ни Њу Јорк.
Од она што заборавив да пишам претходните дневници, Сју карактер-менаџерот си замина на одмор, и на нејзино место дојде Стив, едно ситно човеченце по раст кое се обидува да ги задржи привилегииите за карактерите кои што Сју кучката ги искуба. Енивејз, добро е што прифаќа сугестии, па сега фотографираме 5 принцези во една линија а не ко порано 3 на дек 3, една на дек 4 и една на балкон. Исто така и Капентан Џек Спероу сега е во Прелудс (просторот пред Волт Дизни театарот).
Од техника добивме 2 нови пентаби, од новите, мнооооогу се добри :) Се надевам дека во следните залихи ќе добијам и нов објектив за фотографирање во ресторан. Овој што го имам сега ем не фокусира правилно, ем се распаѓа полека но сигурно.
Од народ, да пишам дека Саша од Пало отиде на одмор, но се врати Горан.
Од патници, би ги навел Даниела Дафи и нејзината другарка на која не и го запамтив името. Вработени во една од Дизни компаниите, и мноооогу привлечни млади дами.
Ајт доста е... досаден период у последно време...
Comments
Post a Comment