Бродски дневник бр.28

Оригинално објавено на August 19, 2012 

Фино крстарење

Си најдов меџикал фемили уште на првиот ден од крстарењето, Хиксон, поточно Дилајла Хиксон. Има 4 години и тука е со мајка и Сузи и баба и Дороти, сите три плавуши, типични американски :) Она што е посебно кај Дилајла е што е воспитана и пријателски расположена, и најважно од се, мнооогу фотогенична :) Пред крајот на крстарењето и го дадов сертификатот за магично семејство и пишав коментар Best posing. Кога Сузи го подигаше це-дето ми кажа дека тоа многу и се допаднало на Дилајла. 

Интересни се и сестрите Бамфорд од Англија. Имам теорија дека 90-95% од англичанките се грди, ама останатите 5-10% се неверојатно убави и згодни. Е такви се сестрите Бамфорд, околу 170 цм, плави, со облини, мх мх мх. На крстарењево се дојдени со родителите. Мислам дека се најубаво семејство ова крстарење. На момците и девојките од тимот им кажав дека ако купуваат само це-де ќе ги задржам фотките од девојките, ама тие решија да купат комплетен пакет, це-де и принтови. Вкупно 7 фолдери :) 

И трето интересно семејство, поточно пријателки се Мина и Јукари од Јапонија, едноставно обожавам јапонци :) Додека Јукари чекаше во ред за сликање со карактерите, Мина беше на пуш пауза. Кога се врати и дадов од озвежувачите за здив. малку се лути, море многу се лути, посебно за прв пат. Фаците што ги правеше Мина беа прајслес, и мафтање со рака пред отворена уста :)))) На сертификатот за магично семејство пишав Cutest smiles. Тие мене ми подарија алка We are ONE, Disneyland resort Tokyo, и пин (значка) со Мики Маус, исто така од Дизниленд Токио. Ги чкрапнав со телефон, следна прилика ќе ги ставам во албумот Seaman's life. После такви гости едноставно добиваш желба еден ден да отидеш во Токио како турист :) 

И четврти, сопрузите Ерик и Џејсон. На претходните крстарења правеле мошне бесни комбинации со облека и слично. Ова крстарење, сега за сега се кул. На третата ноќ на палците од стапалата имаа налакирано Мики на десниот и Мини на левиот палец :) 

Имавме и кру асембли (собрание за вработените) на кое се обрати Карл Холц, претседателот на Дизни Круз Лајн. Не беше лошо :) 

Имавме и кру сејл. Си купив маичка New York Getaway Cruize за мене и соодветно капче за татко ми, севкупно 12 долари :) Купив и футрола за лап-топот, ама испадна дека не го збира внатре, дека уствари футролата е за ај-пад :/ 

Во Сент Џон имавме тимска активност, кркање у ресторан бидејќи не смисливме нишо покреативно. После тоа со Ким и Марк бевме у кенди шоп и Ким ми купи ПЕЗ играчка Гуфи :) 

Единствена лоша работа е хотел директорот Томас. Поради него мораме да правиме некои бесмислени работи, ама јбг... шеф е. Уствари идиот е, ама јбг... уште еден месец ќе мораме да го трпиме. 

За крај на крстарењето да пишам дека надминавме таргет и затоа за 5 дена крстарење ќе добијам 294$ или нешто под 60 дневно. 

Да не заборавам дека имав кратко 1 на 1 со Рубен, шефот. Му кажав дека цело време фотографирам и дека сакам да останам на тоа. Оваа недела сум скоро цело време во Шатерс што за мене е изненадување, делува малку освежувачки. Скоро цело време со Рамо друже мој :) Ако ви текнува на песната „Рамо, Рамо, Рамо друже мој, дали чујеш јецај мој“ Рама на некој од претходните бродови имал лаб менаџер од Србија кој често му ја пеел песната и Рама ја научил да ја пее :) 

Во врска со новото крстарење, 8 дневно до Бахами, Кајставеј Ки и Порт Канаверал, имаме најголем број на патници досега 2728, што во превод значи дека бродот е преполн. На укрцавање имавме проблеми со секјурити. Нов дечко на генгвеј и нов шеф кој не ги прочитал фино правилата па не држеа на генгвеј пола саат. Поради тоа закаснив за Мики на терминалот. 

Од останати работи, претерав у теретана на справата за стомачни па имав запаление на мускули неколку денови. За новите патики Рубен и Горан ми искоментираа дека се ептен добри и ме прашаа од каде сум ги купил :) 

Comments

Popular Posts