Дневник бр.29
Оригинално објавено на September 9, 2012
Одамна не сум пишал ништо, а се случија толку многу нешта
Последен пат пишав на 19 август. Од тогаш се случија 2 осумдневни крстарења до Бахами и едно до Канада. Ја користам приликава да им се извинам на мајка ми и татко ми што се без абер од мене, ама нека не ме мислат, живеев турбо изминативе 2-3 недели. Додуша ствари кои посебно ми одземаа време се идење у теретана и гледање на Топ Ги’р сезона 17. Неколку журки, и ондак то...
Двете крстарења до Бахами беа последни крстарења на кои ги посетуваме Насау, Каставеј Ки и Кејп Канаверал. Насау и не ми има оставено посебен впечаток. Можеби и затоа што никогаш не отидов до Атлантис. Каставеј Ки ме потсетува на фотографирање плажа, нешто што мразам највеќе во мојата работа. На првото од двете крстарења имав проблеми со опрема, потрошив цел саат додека да најдам блиц. Во останатите 2 саати направив нешто над 100 фотки а таргет ми беше 400. Уморен и со главоболка го слушав Мартин додека ми држеше предавање за тоа како се фотографира плажа. За среќа на следниот Каставеј Ки Мартин и Рама се согласија да фотографираат плажа така што со тимот отидовме на плажата за вработени и се забавувавме. По пат кон плажата за вработени Рајан ми покажа едно место каде што може да се фотографира Џек Спероу, освен сидрото. Место на кое не му дозволиле да оди. На плажата се дружев со Ким и Марк. Со Ким фрлавме на кошот, и Хедер дојде и не фотна, фотката после беше ставена во I-95, главниот ходник во бродот. Направив неколку интересни фотки од Марк и Ким, деновиве кога нема да ме мрзи ќе фатам и ќе објавам :) Направив интересна фотка и од Кристин, од мејн стејџ перформерс :)
Кејп Канаверал... шопиииииинг.... значи не е нормално колку сум талентиран у арчење пари :) Двата дена вкупно потрошив преку 1000 долари, ама купив еден куп ствари за мене, и за драги личности. Од она што купив за мене ќе наведам сега, додека поклоните за драги личности на некои им кажав што им купив а некои ги чувам како изненадување :) Значи од она за мене, најважно, дрес од Коби Брајант :) од оние што чинат 90$ дрес од Пејтон Менинг, од ефтините. Фармерки. Кошула, најпопрекрасна на свет која што фино иде со фармерките и со старите адидаски. Изненадување е што ја начекав во АЕRO. Аеро е мошне популарен бренд за облека за млади во Америка. Секој од вработените на бродов има по нешто од таму, на некои скоро цела гардероба им е од таму. Јас избегнувам такви брендови, ама вториот Кејп Канаверал бев со Ани во шопинг, па влегов во продавницата. Додуша имаше ствари кои ми се допаднаа, ама се мислев дал да ги купам или не. За кошулата не се двоумев :) Сепак продавница на шопингот беше Спенсерс. Ако живеев во Кејп Канаверал ќе купев пола продавница, толку е кул :) Сепак сега купив само 4 маички за мене, 1 за Ани и по малку се каам за две маички што не ги купив. На маичката на Ани пишува "Prety girls turn heads, me and my bithes break necks". На една од маичките што ги купив пишува "When FUCK YOU in English is not enough, и потоа фак ју на триесетина јазици меѓу кои МАКЕДОНСКИ, српски, хрватски, турски, шпански, руски... Другите 3 маички нема да пишам што пишува на нив, ќе ги чувам како изненадување за кога ќе си дојдам на одмор во Македонија. Двете маички што не ги купив се една машка и една женска. На машката пишува "99 problems" а на женската "Aint got one". Од Спенсерс купив и два постера со Ен Хатавеј како Кетвоман. Чисто информативно, двата за 12$ ама меракот нема цена :) Си купив и карго шорцеви на распродажба, два пара. После видов дека едниот шорц баш тој што ми праеше мерак е малку скинат :/ Во двете книжари потрошив по 100тина $ во секоја. Еден куп списанија за фотографија, по некое за фитнес, еден куп џиџиња и најбесниот календар за 2013 година. Календарот сепак ќе оди како поклон, имам чувство дека личноста за која го купив има да падне у несвес кога ќе го види. Не пишувам што е, изненадување е. Не се полуголи женски, дон’т берете гајле. Чисто информативно Book-a-million е со површина ко ВЕРОто во ГТЦ, и имаат многу списанија и џиџња. Barnes & Nobels пак е ко маркетот во ВЕРО Центар. Имаат Старбакс во еден ќош и мошне брз гага нет. Послабо стојат со списанија, ама подобри се со книги и од таму го купив календарот, додуша сакав да купам уште неколку календари, ама сепак се воздржав.
Од шопинг аспект излегов во Сент Џон до пазарчето на терминалот и од таму си купив бејзбол топка на која пишува CANADA, магнет со термометар со канадското знаме и под него пишува St. John N.B. благодарение на него знам дека моментално во кабина температурата е 20 целзјусови или 66 фаренхајти. Поседов малку во соседниот терминал за да користам гага нет. Ги гледав фотографите од Карнивал како фоткаат генгвеј. Хух.. тоа не е лесно. Патем да пишам дека во Сент Џон врнеше дожд и беше мошне свежо. Среќа во униформата имам и фина јакна па не накиснав попат. Во меѓувреме ми текна на една мисла од Боб Марли: Некои луѓе уживаат во дождот, некои само остануваат намокрени.
Вчера прошетав низ Менхетен. Додуша сакав убаво да се расшетам, ама ги фоткав Мики и Мини на терминалот, па имав само еден саат за шетање. Време што го искористив за да го ѕирнам Менхетен кога живее турбо, среде ден. Работници менуваат цефки под улиците, колони од автомобили врват, гужва во авто-пералните, гужва по тротоарите, шетачи на кучиња, прашина во воздухот... Извадив пари од картичка од банкомат сместен во еден гранап и си купив Пепси. Ова пепсиво го истакнувам бидејќи автоматите за пепси ги извадија од бродов и сега по пристаништа купувам пепси :/
Од аспект на патници, крстарењата до Бахами беа полни, преполни. Мислам дека секој кревет на бродов беше зафатен, и секое столче во рестораните. Фотографирање ресторан беше хух... брзаш, брзаш и пак не се стига. Линиите за карактерите беа километарски. На принцес гедеринг направив 340 фотографии (просекот за тој настан е околу 200).
Во Првото крстарење беше и семејството Консентино. Мајката во семејството се кладела со некој нејзин пријател кој ќе направи повеќе фотографии на крстарење. Имаа развиено стратегија: двата сина, посебно помалиот, посебно поголемиот, цело семејство и на крај само мајката. Вкупно 10 фотки по карактер, а беа во сите линии. На крај завршија со 806 фотографии, пола фиока ни фатија нивните фотки. Федерико на синовите им поклони приврзоци камери. Инаку мошне палави деца, помалиот му удри клоца на Џемини Крикет (штурецот од приказната за Пинокио) и му ги украде бисерите на Џим, черепот од студиото на Капетан Џек Спероу. На второто крстарење имаше неколку фини семејства, не би издвоил никого. Додуша имаше неколку фини семејства, ама кој да ги памти. На крстарењето до Канада беше семејството Даос кои ме памтат од нивното претходно крстарење во јуни. Бај д веј, поради почеток на школската година бројот на деца е драстично намален. Додуша и бројот на патници вкупно е намален за 500. Имаме еден куп старци и редовни крузери. Ресторан фоткаме за пола саат, 40тина минути доколку некој доцни или правиме муабет со патниците. И менталитетот на патниците е драстично различен. Ако на крстарењата до Бахамите имавме еден куп фини луѓе, тук-там по некој идиот, на ова имаме троа повеќе идиоти. Така го добив и мојот прв коментар дека сум груб фотограф. Додуша причата од моја страна иде вака: редам фотки на панелите и еден гостин почна нешто да ме гњави дека сака сега да ги има неговите фотки. Му кажав дека не можам да му помогнам дека отвораме во 10 саат. Тој во листот за коментари пиша дека грубиот фотограф не сакал да му помогне во 9:58, му кажал дека отвораат во 10. Јас лично, би рекол пичка му мајчина, доаѓа на последен ден за да види фотки и сака да му бидат нацртани под нос, нека оди поѓаволите. Кај бил цело крстарење. Ми мириса дека и ова крстарење ќе добијам коментар за груб фотограф. И ова крстањење е ко претходното до Канада. Енивејз, фотографирам со позадина „бродот ноќе“ и од позади грб ми доаѓа една жена со ќерка и барајќи да ја фотографирам со нејзината камера, некое идиотче од 100-200$. И реков дека не можам да ја фотографирам со нејзина камера, можам само со мојата. Таа арогантно ми врати како тоа не можеш, другите фотографи фотографираат со нејзина камера. И кажав дека не се тоа фотографи, туку луѓе кои ги придружуваат карактерите, јас не фотографирам со камери од гости. Во линијата во меѓувреме дојде семејство, млад брачен пар со нивното бебе. Вештеркава у меѓувреме праша дали може она да ја фотографира ќерка и на позадината на што јас и кажав дека има други пред нив. Тука она се вжешти, почна да пишти-вришти и се загледа во мојата значка. И кажав дека се викам Тони по што таа отиде во шалтерите за помош на гости да се жали. Му се жалеше и на Рубен. Потоа Рубен ме викна у лабараторија да разговараме и ми кој број и е собата и дека треба да направам се што можам да ја оправам ситуацијата. Ќе направам некои од работите кои ми ги кажа, јбг, шефот мора да се слуша, а чисто се сомневам дека вештерката нема да вришти и пишти и понатаму.
Но да ја свртиме приказнава на веселата страна :) Децата кои беа исплашени, не знаеја како да се местат за фоткање со карактерите денес веќе се ослободени и троа полесно е да се работи во линиите за карактери. Дури и си играв криенка со Силвија додека го чекавме Доналд Дак.
Сепак настан на кој сум посебно горд е тоа што сум номиниран за фотограф на годината. Конкуренција ми се Ани и Ина. Денес не фотографираа и снимаа за церемонијата за доделување на наградите. Истата ќе се случи на 20ти. Ани до тогаш ќе биде веќе во Лондон, па се шегува дека можеме после 20ти да и го испратиме по пошта сертификатот за фотограф на годината :) Енивејз, интересно беше на снимањето, во редовите имаше фини луѓе кои беа номинирани од другите оддели. Со некои од нив сум добар пријател па се шегувавме додека чекавме да ни дојде редот. Ми текнува кога Крастина во Мајами ми кажа дека ќе одам на Дизни Меџик, ми кажа дека тимот е млад и дека имам шанса да бидам ѕвезда :) Дали ќе блеснам навистина силно, ќе видиме за 12 дена :)
Од поглед на вработени на бродов, еден куп луѓе се вратија од одмор, некои сега заминаа, и така :) Секогаш различно :) (леле реченицава ми е ко да сум прва година у некое тригодишно средно) :)))))))))))))))) Се помуабетив малку со Владо, другиот македонец на бродов. Испадна дека е техничар во ентертејнмент, поточно броадкастинг (телевизијата на бродов).
Сепак најбитен настан е масовната промена на кабини. Претходно само јас и Феде бевме во една и Мартин и Марк во соседна кабина, другите фотографи беа расштракани наоколу. Сега сите сме во еден ходник. Поголем дел од тимот направи кабин-парти по тој повод. Јас пак бев во киното. го гледав ДИКТАТОРОТ. Генијален филм на Саша Барон Коен. Ја гледавме цензурираната верзија и без титлови ама беше ТоБ. Ова без титлови го нагласувам затоа што од многу гласно смеење не можев да слушнам неколку делови од филмот. Кога ќе се вратам на одмор ќе го гледам на раат, неколку пати :))))
Ајт, доста е сега за сега :) Фотки и свеж текст наскоро :)
п.с. Лани ова време бев на масовна прослава на 20 години независна Македонија, пиеф пиво во Фиренца (на плоштад) со Мартин и Никол па бев на пиво во Соул паб со Анчи и нејзините колеги. Оваа година во брод накај Канада. Интересно, нели :)
Comments
Post a Comment