Бродски дневник бр.30
Оригинално објавено на September 18, 2012
Збогум Њу Јорк, збогум Ани Задори
Денес за последен пат испловивме од Њу Јорк. Изминативе неколку месеци колку што крстаревме од Њу Јорк се случуваа интересни настани. Се вкотвувавме во два различни дока.Почесто во 88 отколку во 90, но секојпат беше различно. На почетокот сите учевме едни од други, потоа знаевме веќе што правиме ама имавме често несогласувања со луѓето од терминалот. На крај веќе се вклопивме добро и функциониравме мошне добро заедно. На едно од укрцавањата Анотнио, Џералдина и Алфорд направиле фотка со Ани и Ина. Им дадов по една копија како подарок за збогум и напишав посвета на папката во која ги ставив фотките. Патем истиот ден имавме контрола од United States Coast Guard која помина во најдобар ред.
Од интересни работи кои се случија ќе ги издвојам последните две посети на Сент Џон, Њу Брунзвик, Канада. Првиот пат излегов рано посабајлечки за да направам тура со розовиот двоспратен автобус. Тетката што подава карти ме препозна од претходниот пат кога прашував за детали и мапа на обиколката и ми кажа, те знам јас тебе, работиш на брод (додуша и не е тешко да погоди кога носев јакна на која пишува Ship's Photographer), работиш напорно, еве ти карта, гратис :) Ја поминав првата од двете тури. После таква тура, човек да посака да живее во Сент Џон. Плус тоа новите куќи се околу 200 илјади долари :) После тоа прошетав низ трговскиот, посурфаф малку на гага нет. Додека сурфаф ја видов Јоланда од детски активности, беше сама па ми кажа дека би било фино некогаш да излеземе заедно. На идење накај бродот го видов Горан, па седнавме во еден од рестораните во трговскиот, на летната тераса, бидејќи времето беше најпопрекрасно :) Келнерката Џесика исто така најпопрекрасна, испирсана, истетовирана, сонценце :) Ручек за двајца со кафе и десерт испадна 45 долари па и оставивме бакшиш 15 долари. Горан не беше баш најзадоволен од услугата, ама не се противеше на мојата желба за висок бакшиш.
Втората посета на Сент Џон беше со Јоланда, и Ела, другарка и. Бевме на појадок во Кора. Ресторан кој служи здрава храна за појадок. Со секој појадок следува големо количество на овошје. Патем, одејќи кон Кора видовме уште една колешка на Јоланда па на крај испадна јас со 3 жени :/ Јоланда после појадокот мораше да се врати на брод бидејќи беше на работа, па јас се фрлив на шопинг. Купив козметика, подароци и лименка Red Bull ZERO calories.
Од интересни настани да го издвојам и останувањето буден на последната ноќ од крстарењето за да ја видам статуата на слободата ноќе. Надвор беше ептен ладно, ама преживеав. Сепак поинтересен беше новиот Светски Трговски Центар. Целиот е осветлен од светилки во три бои. Најдоле црвено, во средина бело и најгоре сино. Феде, Дима и Ина правеа фотки, па ваљда ќе зграпчам нешто од нивните фотки :)
И второто нешто во поднасловот, Анико Задори, замина на заслужен одмор. Откако сум јас во тимот застана како лидер на една млада неискусна екипа. На некој начин беше мајка на тимот :) Родена во Унгарија, на 18 години заминува за Лондон каде што живее 12 години. Девојка со висок коефициент на IQ и EQ, поприлично образована, со долгогодишно искуство како лидер на тимови во неколку компании. Девојка која го дише животот со полни гради. Таа ме навлече на теретана :) И како што не е се перфектно, кога правевме договор по колку пари да издвоиме за подарок за збогум, Марк направи многу циганска работа, море егејска работа. Првиот предлог беше секој да даде по 10 долари на што тој се мрштеше и на крај Рубен одлучи секој да даде по 5 долари. Енивејз, на последната ноќ испадна луда журка во кру бар до 2, по што продолживме без неа во кабината на Рама и Дима до 4 (после тоа излеговме сите надвор за Статуата на Слободата).
Нејзина замена е Хајди од Перу. Многу кул девојка. 5ти договор а сеуште фотог2. Енивејз верувам дека ќе биде забавно тоа што ја имаме во тимот.
Од луѓе кои заминаа на одмор да ги издвојам и Мајка Халчер, пијанистот кој кој имав заедно обука во Орландо, добра дружба и одличен муабет на темата баскет.
Од гости да ги издвојам Криста Гил и мајка и Катрин. Беа на сите 3 канадски крстарења.
На последното крстарење до Канада имаше две интересни семејства. Првин Мајкл и Никол Фе’р. Тазе венчани, 30 годишни, го користат сето време за уживање пред да почнат со ширење на семејството. Никол на изглед потсетува на Ирена Мила. Второто семејство се Шефер. Мајка во семејството е Катрин, родена во Питсбург и жесток фан на Стилерси, заедно со мајка и Сара, сопругот Тим и двете ќерки, Тори и заборавив како се викаше помалата. Тори сака фотографија, па мајка и има идеја да ја прати да биде фотограф на брод (за да не ја гледа по дома :))) ) Помалата има 10-11 години. Ме поканија заедно со нив да ги гледам Стилерси во натпреварот против Џетс од Њу Јорк, кој одеше на огромниот екран на дек 9. Имав долга пауза па успеав да ги фатам 2 и 3 четвртина од мечот. Се чувствував како да сум им отишол на гости па заедно гледаме фудбал во недела попладне. И на Фе’р и на Шефер им пратив сертификати за магични моменти заедно со две фотки, една од бродот и една од карактерите.
Денес започа 5дневното крстарење до Галвестон Тексас на кое немаме патници но имаме контрактори (подизведувачи) кои ќе работат на ремонт на одредени делови од бродот. Најверојатно следен дневник ќе пишам по крајот на ова крстарење. Следните крстарења ќе бидат 7дневни при што ќе ги потсетиме Козумел и Коста Маја, Мексико како и Гренд Кајман. Горан вика дека местата кои ќе ги посетиме се мошне интересни. Јас сум љубопитен да видам како ќе биде. Едно е сигурно, нема да биде ладно како во Канада :)))
Comments
Post a Comment