Дневник бр.31
Оригинално објавено на September 21, 2012
Хауди Тексас, јиииихаааа
Петдневно крстарење од Њу Јорк од Галвестон, Тексас. Крстарење кое беше искористено за чистење и тренинзи. Чат пат гледање филмови во Буена Виста киното и журкање во Студио Сии и Рокин’ бар Ди.
Од филмови го гледав само Snow White and the Huntsman. Најнова интерпретација на бајката за Снежана. Не е лош, малку мрачен. На IMDB прочитав фина рецензија откако го изгледав филмот, така да ако некој го интересира нека си прочита од таму :)))
Најинтересно нешто на ова крстарење беа шоута. Изгледав две, втората и третата вечер. Втората вечер беше Walt Disney, The Dream Goes On, историјата на Волт Дизни и неговата компанија раскажана преку музика, театар, исечоци од филмови и ТВ интервјуа. Третата вечер идеше DREAMS, An Unchanted Classic. Сонот на една девојка во кој се сретнува со Петар Пан, Аладин, Пепелашка, Тимон и Пумба.... Мошне интересно. Посебно интересно беше тоа што се знам со сите што настапуваат во шоута но никогаш претходно ги немав гледано на сцена, само како гритери, луѓе кои ги придружуваат карактерите за време на фото сесиите.
Сега за журките :) Првата вечер не бев на журка, премногу ми се спиеше. Втората вечер имаше журка со УВ неонки во Студио Си, ама некако не ме бендиса журот, многу тиња музика, многу долги редици за пијачка :/ Третата вечер бев во кино, така да не знам како поминала журката, само знам дека Феде бркал жени :))) Четвртата вечер имаше афтерче после Кру Авордс во Бит Стрит (Rockin' bar D, Sessions and Diversions).
Е кога сме кај Кру Авордс, се дотерав ама ептен, туксидо, лептир машња, шта да ти причам :))) Со Ина седевме на крај од редот за да можеме веднаш да излеземе кога еден од нас ќе ја добие наградата, иии... в уинер ииииссс, Анико Задори... краток аплауз во салата и тишина. Не знам како идело гласањето и све то, ама мојот нетворкинг падна во вода. После тоа бев малку депре па не си поминав најдобро на афтерчето, ама неврмајнд.
Енивејз, од останати активности имавме 3 дена фоткање со карактери, па ја искористив приликата да за напраам фотка со Гуфи во каубојски костим, специјално направен за Тексас, со Доналд Дак во туксидо и Мини како Статуа на Слободата, специјално за Њу Јорк направен костим.
За време на ова крстарење кркавме во Перот Ки ресторанот, и храната беше ок, посебно имаше едни фини тортици, мх мх мх :)
Гостин на крстарењето, дап, има :) Франко од Хрватска, син на еден од офицерите. Франко има 14 месеци па беше малку трики да го натераме да гледа во камера додека се фотографира со Мики, Мини, Плуто....
Од вработени што се прибраа на бродов има две фини девојчици кои посебно се истакнуваат со својата височина и убавина. Една швицарка од СПА која сеуште не знам како се вика, знам дека Феде нешто со неа а-у, и Рејчел Пауерс од дајнинг, мислам дека е асистен сервер, али неврмајнд. Со најзе се сликав во ЛСП студиото. Многу е убава, ептен збун ме фаќа.
Утре, здравје, Галвестон, Тексас. И пак фотографирам укрцавање :/ Некако не ми иде со главниве пристаништа да фатам да прошетам. Енивејз, повеќе за Галвестон - Тексас, Козумел и Коста Маја - Мексико, како и за Гренд Кајман во следниот дневник.
Comments
Post a Comment