Дневник бр.32
Оригинално објавено на 30, 2012
Вива Мехико
Првото крстарење од Галвестон, Тексас не започна нешто посебно. Фотографирам укрцавање, и како и во секое пристаниште кога се иде прв пат, еден куп неусогласени работи. Едвај отидовме да поставиме студија во терминалот. Ама за среќа има вендинг машини веднаш до нашите студија па Ким частеше 7ап со лимон. Малку чуден вкус, не е оригиналниот 7ап, ама не е лош, се пие :)
Патем да пишам дека скоро цело време бев во Шатерс, галеријата во која продаваме слики, рамки, камери... карактери фотографирав само пола саат кога ја менував Синтија за да земе одмор и Мини како принцеза, 2 дена по пола саат. Е сеа затоа пак 4 пати фотографирав во Пало. Фенси-шменси ресторанот на бродов. Ич не ми е ќејф да идам таму, ама преживеав.
Прво пристаниште на нашето патување е Гранд Кајман. Бродот се укотвува на одредено растојание од брегот и потоа со чамци се превезуваат гостите и персоналот кон копно. Наместо да чекам чамци и слични работи решив да спијам :)))
Второ пристаниште беше Коста Маја, Мексико. Во потрага по гага нет фативме такси кое за 2 долара не однесе до градот кај што живеат луѓето. Во центарот има интернет кафе/бар/сендвичара. Најголемо откритие таму ми беше пивото Моделос. Мх мх мх... мноооогу ТоБ пиво. Кркав фахитас ел појо. Ситно сечкано пилешко пржено со пиперки и разни зеленчуци, многу убо ми легна :) На враќање решив да се задржам малку во пристаништето и од таму си купив маичка Life is short, drink faster. Costa Maya. И си купив пончооо, ама не традиционално, туку во боите и со логото на Pitsburg Steelers. И имаше гага нет и на пристаништето. Чисто ориентационо, местото е една голема шума со ниски тропски дрвја. Само на едно место има пристаниште и околу пристаништето продавници, барови и базен за туристи, а понатаму во ниски куќички живее населението. Заедничко за куќичките е што скоро сите се приземни, без покрив (за да не им го одвее ураган) и со црно буре над куќичката за греење вода. Тук-там по некој хотел. Ако сакаш да киднеш од цивилизација и да се одмориш, мошне добро место.
Трето пристаниште е Козумел, исто така Мексико. Е Козумел е голем туристички град со еден куп ствари за туристи. Јас направив мал заеб. Облеков хокејарски дрес Канада и луѓето на улиците мислеа дека сум турист од Канада па ми нудеа екскурзии, масажи, пијачки, сувенири... некои ми викаа дека примаат и канадски долари... Енивејз, тука со Рама, Феде, Дима и Сандра ојдовме во кинески ресторан Чи. Таму кркав пилешко Чоп Сои. Не е лошо. Пилешкото е ситно сечкано и спремано на кинески начки, сервирано со зелка, морков и нешто за што не бев сигурен што е, ама се на се беше вкусно. Тука посебно ме бендиса милк шејкот од банана, како и банана ролс. Бананата се сече на пола надолж па на пола попреку, се мота во палачинка и се пече/пржи... што и да е, кинеска кујна :))) После тоа скокнавме до МЕГА, Мексикански еквивалент на Волмарт. Купив еден куп ствари за 32 долари, и на каса касиерка ги поминува продуктите на бар-код читач а две девојки ти ги пакуваат стварите во ќеса.
Од ствари што се случија на бродот би ги издвоил improv night и журката во кабината на Јоланда. Импров најт е настан кој го организираат Тедиус и Трент од мејн стејџ изведувачките на кој присуствуваат дел од мејн стејџ, карактер одделот, детски активности и тук-там од другите оддели. Настанот трае саат време и има неколку игри кои се тотална импровизација на сцена. Настан кој навистина вреди да се види.
Семејство на крстарењето, па не би издвоил нешто посебно. Причина за тоа што што голем дел од гостите беа кул луѓе. Не се брзаат за никаде, уживаат во мали нешта, прават муабет за се и сешто. Имаше тук-там по неколку кастомерс фром хел, ама се на се имавме продажба над предвидената и рејтинг од 70% што е најмногу за 7 дневно крстарење оваа година. На 8 дневните крстарења рекордот ни беше 69, што значи дека ем ние бевме расположени за работа, ем гостите беа расположени за сликање :)
Енивејз, ќе набројам неколку. Сестрите Едисон и Ејвори кои на формалната вечер носеа уникатни фустани па им дадов имиња Принцеза Лидија и Принцеза Бјанка. Џена, малечко девојче, многу фотогенично, направи две одлични сесии во ЛСП студиото. Со Ким се расправавме дали нејзините фотографии се најпопрекрасни или не, и Феде застана позади мојот став. Имаше едно семејство, забораив како се викаат, правеа big family reunion, и имаа 7 соби (смајли кое паѓа у несвест). Ги фотографирав на семи-формална вечера, и чекав 10 минути додека да се приберат за сликање (смајли кое паѓа у несвест по втор пат). После тоа следи Хуан Контрерас (кога му го видов презимето веднаш ми текна на Луј Давид Контрерас од Касандра :)))) ) Човекот имаше купено при-круз ААА пакет. Агентот што му го шитнал му кажал дека вреди 150 долари, што не е вистина, пакетот вреди 100 долари и со него можеш да добиеш фотки кои посебно чинат 118 долари. Беше многу благодарен затоа што му го кажав ова. Имаше и едно интересно семејство со долго презиме распоредено во 3 соби, и нормално фотките беа расштракани на 3 картички. Седнаво со нив на фото-коискот, земав ливче и запишував што се има на секоја картичка. Не знам колку време ми одзедоа, ама на крај споив крај со крај и порачав ЦД со сите фотки. Чичкото на децата ми кажа Thank you for going above and beyond. И на крај невестата Кристи и мажот и, Хајди им ја фоткаше венчавката а јас ги фотнав кога вечераа во Пало. Кристи ме замоли да ги фотнам покрај големиот оџак на кој го има Мики. И кажав дека кога ќе завршам со останатите гости во ресторано ќе се вратам за нив. Излеговме надвор до среде брод и направив 4 фотки кои Кристи ептен ги бендиса.
И за крај да пишам дека купив посебни маички за сестрите и една најкул маичка за АлекСС. Нормално купив и маичка за мене и капче за татко ми. Се на се 133 долари, ама парите се за арчење, не е арно да стојат на сметка :))))
Comments
Post a Comment