Дневник бр. 33

Оригинално објавено на October 10, 2012 

Циции

Причина за поднасловот е што за малку не стигнавме таргет, што потоа се одрази на целокупната плата која што од срам нема да ја пишам. Инаку имаше неколку гости кои со нивните мобилни телефони ги фотографираа фотките кои беа изложени во галеријата. Успеав да фатам неколку, и да ставам флаери пред нивните телефони додека камерата од телефонот фокусира, ама некои и ми киднаа. Да се нема да се даде 20 долари за фотка... ц ц ц ц... 

Енивејз, да почнам со ред. Пак фоткав укрцавање :/ Овојпат носев пари со мене па купив сок за мене и за Ким. И пак скоро цело време во Шатерс, само што овојпат помалку фоткав во Пало :) 

Овојпат додека бродот беше во Козумел го искористив слободното време за да повежбам малку во теретана и да исперам алишта. 

Коста Маја беше ТоБ :) Не купив ништо овојпат :))) Цело време сурфаф под сенка. Ама потоа имав ивнинг офф која што ја искористив за да го гледам шоуто Villains Tonight. Се договорив со Ким да го гледаме шоуто заедно, ама не се најдовме пред театарот па на крај испадна дека таа го гледала шоуто од втор ред додека јас го гледав од последен. Помалку нервоза за дечко и :)) Потоа со Рама, Федерико и Синтија бев во Пало, ресторанот со 6 ѕвездички на најгорниот дек на бродов. Пред да отидеме јас повеќе сакав да идам во Анимејтор’с палет, ама на крај се приклучив кон планот на Феде и Рама. Минатиот пат кога бев во Пало воопшто не ми се допадна. Овојпат беше сосема спротивно. Се беше вкусно. И келнерот, Евандро од Бразил беше ТоБ. На крај вадиме јас, Феде и Рама по 10 долари за бакшиш и Синтија вика „Што?“. Феде и вика, 10 долари, бакшиш за келнерот што не служеше, така идат работите. -Ама нели плативме сметка, зошто да даваме плус пари?! На Феде му идеше да и ја учука една. Јас не бев изненаден, знам каква циција е Синтија. Енивејз, Феде требаше да и даде пари на Синтија, ама наместо тоа ги остави парите за бакшиш :) 

За во Козумел останав скоро бев долар у новчаник и решив да извадам пезоси од банкомат :) Сакав да си купам маичка од Hard Rock Cafe - Cozumel, ама беше затворено. Потоа скокнав до МЕГА на шопинг по намирници. Ствар што не ми се свиѓа е тоа што немаат сикспак од сокови. Ама затоа имаат некои навистина фини работи како кесичка со 3 твикса за 20тина пезоси (1 пезос = 4 денари, груба пресметка). Имаат топки од скоро сите спортови, така да некој следен пат ќе си купам топка од NFL. Заборавив да си купам Orbit, ама не заборавив да си купам долна облека од Fruit of the Loom, 3 за 100 пезоси. Не знам дали има во Македонија, и колку чини, ама иам чувство дека еден пар би чинел 400 денари. Што ти значи во Мексико да купуваш Made in Mexico текстил (да додадам дека памучните производи мејд ин Мексико се со моооошне висок квалитет). Не знам колку чини тоалетната хертија, ме мрзи да проверам, така да не можам да споредам со Скопје Шити Мол :)))) Е потоа следи интересното :) Во No Name - sports bar (поарно кажано морнарски бар) се сретнав со Никола Адамовиќ и Стефани Ју. Ноу Нејм е баш она бар за морнари. околу менито се отпечатени еден куп знамиња, меѓу кои и македонското. По ѕидовите се обесени знамиња и шалови од фудбалски клубови. Никола го немав видено од интервјуто во Загреб, а Стефани откако замина од Меџик. Работат на Оејзис оф д Сиис :) Никола можам да го видам и во иднина. Секој втор четврток неговиот брод е во Козумел, додека Стефани заминува на одмор. На крај ја изненадив келнерката кога и побарав сметката да ми биде во пезоси (обично сите плаќаат во долари). На идење назад кон бродот си купив сладолед, и пак платив во пезоси на изненадување на продавачката :) На крај ми останаа 220 пезоси во новчаник. Како и да е, плаќањето во пезоси се исплаќа. 

Третото крстарење од Галвестон започна бурно. Првин бев во утринска продажба, а потоа на имиграциска контрола на цел брод :/ Е сеа, за разлика од Порт Канаверал и Њу Јорк каде што луѓе од имигрешјн доаѓаат на бродот, овојпат ние идевме на пристаништето што малку повеќе ги закомплицира работите. Чекална беше Волт Дизни театарот каде што на почетокот седев до Маријан, техничар од ентертејнмент одделот. Си праевме раат машки муабети. Потоа седев до Кетрин и девојките кои ги носеа Мики и Мини костимите. Се шегувавме за тоа кој има погрда слика у пасош :))) Беверли ми рече дека сум бил платен убиец пред да дојдам да работам на брод :))) Енивејз, откако почна процедурата да тече еден од офицерите не собра и не спроведе преку сите редови и средивме работа за 5 минути. Такво уфрлање преку ред немам видено досега, ама кога си фотограф на Мики Маус се се може :) И уште едно нешто од терминалот, најдов банкомат од кој може да се извадат 300 долари :) 

Ова крстарење сум асистент на лаб асистенот што значи секое утро во 9 посабајле подесување на машините во фото лаб. Пред да дојдам на бродов си викав дека ќе поминувам доста време во фото-лаб, ама сплет на околности и немав време да дишам, а не па да поминувам слободно време во лаб. Потоа се средија работите на бродов, ама решив да го користам слободното време за пофини работи :) Е сеа конечно фото-лаб. И нема бегање :))) Хајди е лаб асистент и учам основни работи од неа. Е сеа маката е што она е женско и објаснува како женско па ми се дешаваат збунки. 

За утре со Феде планираме да ја зачистиме кабината. 2 пати по ред паѓаме на кабин инспекшн, и Рубен е наострен да ни стегне некаква казна ако паднеме по 3 пат. Во вакви ситуации ми недостасува Чаба. Тој би рекол само „момци, дај средете тоа..“ Патем кога сум кај менаџери, имаме нов хотел директор. Се вика Џозеф и е француз, црн ко да е увезен од Мароко или некоја слична колонија. Е сеа, бидејќи минатото крстарење не стигнавме таргет не тера да фотографираме повеќе настани. Хајди фотографираше студио со Винтиџ позадина со дијагонално поставени светла. Синтија ќе фотографира Арка кај киосците, а јас и Ким фотографирафме Пиратска журка на дековите 9 и 10. Продуктивност, тиња, едвај 56 фотки, луѓето беа дојдени да видат перформанс а не да се сликаат. Енивејз, барем ние ја видовме журката. Нешто што ретко на кој фотограф му успеало, затоа што има еден куп други работи кои треба да се направат на пиратска ноќ. 

И за крај да пишам дека ова е последно крстарење за Ина Рожнатовска. Мејд ин Украина, висока ко мене, кршна мома, природна плавуша, тоа дека е најпопрекрасна на свет се подразбира од претходно напишаното. Ако не верувате, има една-две фотки од неа во албумот Seaman's life. Дел од најдружељубивиот тим. Иначка... ќе ми недостасува... до август следната година кога ќе и ојдам на гости во Киев :) 

Comments

Popular Posts