Дневник бр. 33а
Оригинално објавено на October 11, 2012 at 8:44am
За две нешта што заборавив да ги напишам претходно
Магично семејство еее... Колмен :) Мајката Ла Ренза и ќерката Ерика. Ерика е најубавото црнче што го иам видено у живот. Има 9-10 години и е најпопрекрасна. Кога ќе порасне ќе биде ДИВА и пол :) Е сеа Ла Ренза е мајка која е горда на својата ќерка и која сака на сите свои другарки и роднини да им прати слики од крстарењето. Го зеде фолдерот со сите нивни слики и саат време анализираше во еден ќош. Потоа дојде на шалтер и уште едно пола саат се двоумеше, троумеше... Првин купи пакет од 20 фотки и 2 фотки екстра. По 10 минути се пишмани за да земе пакет 20 фотки на ЦД. За секој случај ги зачаував принтовите во фиока. Наредното утро дојде на утринска продажба велејќи дека сака 22 фотки, не само 20 што може да ги добие од ЦД-то. Извадив принтовите од фиока и купи 2 фотки дополнително. При целата таа процедура Ла Ренза заборави еден од куферите во Шатерс. Бидејќи немаше гужва го грабнав куферот и се упатив кон лобито, ама нејзе ја немаше. Скокнав до guest services да прашам каде таа ќе има појадок и на која маса. Од таму кон Парот Ки да ја барам маса 44. На крај кога Ла Ренза ме виде со нејзиниот куфер беше хух... кој македонски збор најдобро би одговарал, на англиски е stunned. Го извади нејзиното фото апаратче од торба и ме замоли да застанам до Ерика за да не слика. Ме праша како сум ја нашол и се тоа. И кажав дека имаме начини, и дека ги користиме за да им помогнеме на гостите :) Не и се веруваше што се случува :) Ретко гледам човек толку воодушевен ко што беше Ла Ренза тоа утро.
И второто нешто што се случи е фотографирањето за SEA, Safety Excellence Award. Двајца момци од пекарата спречиле пожар, и беа на мостот да се сретнат со Капетан Роберт. Тој лично им се заблагодари за храбриот потег со кој спречиле голема штета и им врачи благодарници, значки SAFE кои се навистина ретки и им кажа дека на следниот пеј-деј ќе добијат повеќе пари на сметка. И нормално на крај фотка за во I-95 главниот ходник на бродот :) Енивејз, мостот изгледа мошне интересно, и погледот од таму е феноменален :) Ја имав привилегијата да го видам мостот уште во мојот прв договор. Некои морнари никогаш немаат шанса да стапнат таму.
Comments
Post a Comment