Дневник бр.34
Оригинално објавено на October 16, 2012
Збогум Ина Рожнатовска
Минатото крстарење беше последно за Иначка. Агус, дечкото што ни ги чисти кабините нацрта карикатура за нејзе со 11 прозорчиња за да оставиме пораки. Потоа и се потпишав и во тефтерот, на многу поголем простор. Бај д веј на одмор замина и Теа од Y.A. и да, навистина се верила со Џош од ентертејнмент :/
Од побитни настани кои се случија да наведам дека учествував на импровизацијата што ја организираат двајца момци од Волт Дизни театарот. Целата работа се договори утрото во Коста Маја. Со Кетрин јадев во кру-мес и таа сакаше да научи неколку македонски зборови. И кажав дека можам на дабинг гејм да си зборам на македонски, не мора да се мачам да смислувам имагинарен јазик :)) Вечерта на импров Трент кога најави дабинг кажа дека има во публиката има посебен гостин кој зборува на македонски (зарем има таков јазик?). Е сеа што е играва. Ако ви текнува на „Тегет“ скечот на К-15 кога Цацко рецитира на некој африкански јазик а Тошо го преведува, епа тоа е :) додуша овде се двајца кои меѓу себе комуницираат на имагинарен јазик а од страна други двајца ги преведуваат овие првиве. Мене ме преведуваше Кристин. На крај испадна ОК :)
Во Козумел бевме на тимска активност. Кркање во еден ресторан. Кркање ко кркање... битно пробав октопод на жар :) мошне вкусно бре :) Потоа направив мал шопинг. Видов маичка "Wish you were BEER" и слика од кригла ама се воздржав да ја купам. Сепак купив маичка од Hard Rock cafe. И МЕГА аф корс, купив два сикспека од лименки кока-кола. Мексиканската кока-кола е слична на македонската, што во превод значи, најдобро нешто што моментално може да се купи за пиење. И си купив топка за американски фудбал :))) Не издржа срце јуначко :) Знам дека во МК има да ме гледаат чудно, ама морав да ја купам :))
На 11 октомври имавме South Eastern Europe party во кру-бар. Милан пушташе музика, Дадо Полумента, Јелена Карлеуша, Миле Китиќ, ама кога Ружица и МариЏа од дајнинг рум (две мошне привлечни млади дами, мејд ин Кроејша) се кршат на подиум и имаш доволно Хајнекен во рака може да се седи :) Петра како вистинска рокерка дојде на 2 минути, кажа здраво и замина :)))
Магично семејство неам. Не знам зошто, ама решив да не се здружувам премногу со никого. Додуша и немаше некое интересно семејство.
Е сеа итнересното :) Во Галвестон имав деј оф :) ЈЕЕЕЕЕЕ :) Бев во Таргет на шопинг. Си купив глуфец за компјутерот, Logitech M510. Многу е добар. Едвај чекам да го пробам на поголем монитор во акција (фотошоп, игрици). Се мислев да си купам маичка, ама си викам, заеби... после си викам, дај да купам за некое фино другарче, ама пак се воздржав. И на крај гледам маичка со Брус Ли... Иииии..... Нема мој број :((( Сепак купив и некои интересни работи. За едно другарче кое е фан на БлуРеј технологијата и комедијата на Саша Барон Коен го купив Диктаторот на блу-реј а за мене си купив Katy Perry - Part of me, the movie. На враќање си викам, дај да ѕирнам што има во продавницата на терминалот, да прашам како иде праќањето пакети до Македонија и слично. Еден од момците викна, Македонија? Александар Д Грејт? и јас дааааа :)) Е после тоа иде изненадување бр 2. Милкаааа :) млечна, бела, со лешници и со крем. Ги купив првите 3 што ги набројав. За утре ја очекувам Јоланда да ми дојде на гости да поделиме една Милка :) И изненадување бр3, Цедевитаааа, си купив едно кутифче од портокал :) После тоа се сликав со Гуфи во ЛСП студиото, го ѕирнав Уелкам аборд шоуто па фатив кревет :)
Инаку на местото на Ина го добивме Еџја, младо момче од Канада со потекло од Гана. Следната недела на одмор заминува и Синтија, а на нејзино место сеа за сеа е најавено некое момче од Србија. Кога дојдов на бродов бевме 2 момци и 6 девојки. Сега ќе бидеме 6 момци и 2 девојки.
Бај д веј, на формалната вечер тотално не бев во форма. Првин на собирот на принцези на Кетрин и се обратив со Кристин, а подоцна вечерта кога сликав во Перот Ки истурив чаша вино од 100 и кусур долари. Додуша местејќи ги чашите ја ставив на салфета, па потоа гостинот кога да ја земе чашата се истурила, ама официјално гостите не истураат ништо, така да официјално јас ја истурив. Вечерта пред тоа бев во теретана и Мартин ми покажа некои интересни вежби. Затоа наредниот ден и грб ме болеше :/
Енивејз, денес бевме цел фото тим на ручек во Топсајдерс. Ваљда ќе се опраи работава. Кога бев во војска на цифра 50 ме имаше фатено сериозна криза, а нешто слично е и сеа на слична цифра.
Comments
Post a Comment