Бродски дневник бр.36

Оригинално објавено на November 3, 2012 

Збогум Федерико Салменрон Томас, збогум Клои Елизабет Гибонс, збогум Јоланда Кеј Меклур

Денес на одмор заминаа еден куп луѓе од бродов. Ќе почнам со Феде. Ми беше цимер 4 месеци, големо другарче. Следниот договор ќе му биде на Дизни Фентази. На негово место треба да дојде некоја кинескиња. Наскоро со повеќе апдејт во врска со фото тимот. Клои дојде на бродов еден месец после мене и си иде дома еден месец пред мене. Беше најубава девојка во гифт-шоповите. За среќа на нејзино место има друга убава англичанка, Криси :) И за крај Јоланда. Ентертејнер во детскиот оддел. Еднаш кога чекавме такси пред Мерит Скуер Мол (Кејп Канаверал) ми кажа дека имам убава насмевка и дека треба почесто да се смеам. 

Бај д веј, да не заборавам да пишам дека дојде Мирко. Без Славко :))) Доаѓа од Белград, има 32 години и ова му е трето работно место во живот. Англискиот му е полош од оној на Борат. 

Од интересни работи, фотографирав на позадината со сводови пред Волт Дизни театарот. Не беше лошо. Повеќе време бев во гифт-шоповите отколку во студиото. Потрошив купче долари :))) На Стефани и кажав да не ме распоредува таму бидејќи трошам многу пари :))) 

Настан на крстарењето беше повторно Халоуин. Овојпат со голема журка за кру во Студио Си. Облеков дрес од Пејтон Менинг и земав топката за американски фудбал и на журка :) Имаше неколку интересни маски. Евандро беше вампир, многу страшен, ама не ја доби наградата за најстрашна маска :))) Момците и девојките од театарот и од карактер тимот имаа одлични маски. Тројца беа кечери, Џесика беше кукличка, Џеси беше Мисис Инкредибл, Алиса беше Кејти Пери <3 Кетрин беше пантомимичар, Чана беше вампирка а Рајан нејзина жртва, Дерек извидник, Ема слонче. Од фото тимот Хајди беше ороспија, Дима беше Зоро, Марк на главата носеше превртена ќеса за фото-хартија па изгледаше ко инквизитор. Енивејз, многу весело. После продуживме кај Рама и Дима у кабина до 4 и кусур сабајле :))) 

Гости на крстарењето имаше неколку. Имаше едно гоооолемо семејство од кое едно семејство купи анлимитид це-де додека другите купија помали пакети. Да не ја заборавам Џесика. Работи како техничар во парковите во Орландо. 

Горе-доле ОК крстарење, со најмалку гости досега на бродот. Другите оддели добиваа ивнинг офф и слични работи. Ние за жал работевме турбо, а ми се чини дека пак платата ќе биде тиња... најголем дел од гостите радносни што букирале крстарење за 300 долари не планираат да потрошат ни долар повеќе. 

И за крај да пишам дека мојот нов цимер е Луис од Доминиканска Република, работи во Порт Адвенчрс (екскурзии по местата кои ги посетува бродот). 

Comments

Popular Posts