Бродски дневник бр.37

Оригинално објавено на November 11, 2012 

Јована, селско момиче

Уште едно крстарење помина... остануваат уште 4. Горе-доле досадно. Највеќе бидејќи бев лаб асистент што значи секое утро рано посабајлечки подесување на принтерите, и секоја вечер носење на ѓубрето од лабараторијата до инсинерејтор (ме мрзи да барам превод на македонски, ама вака од околу место кај што остааме ѓубре). Енивејз, имаше неколку интересни работи. 

Прва интересна работа е мојот цимер Луис од Доминиканска Република. Има 30тина и нешто години и работел се и сешто у живот. Има диплома од туризам ор самтинг :) Енивејз според она што ми го кажуваше сфатив дека Македонија и Доминиканска Република и не се разликуваат премногу. Единствено што во Д.Р. нема зима и народот е црн. Другото горе-доле, тука е. Енивејз од денес му е цимер на Тревор :( Мој нов цимер е Андре од Јужно-Африканска Република. Ново дете на бродов, буквално дете, има 21 година и работи како тренер во теретаната за гости. 

Додека сум кај луѓе од броддов да пишам дека Ани од Шкотска комплетираше втор договор. Нема правда на универзумов. Она ќе комплетира 2 договори и два одмори додека јас уште работам прв договор, ама тоа е... секој со својата среќа. 

Од други работи што се случија денес да извојам дека му помогнав на Горан да си одбере мобилен телефон. Купи некоја нова верзија од Сони Експерија. Кога отворивме кутијата испадна дека телефонот е правен за грчки пазар :)) како стигнал од Галвестон... поим неам, а и не е ни битно :) Частеше лименки Маунтин Дју и кутифче цедевита :) 

Јинџу денес ме частеше Фереро топче. Некој од обожавателите ја частел еден куп Фереро па подели неколку со нас во Шатерс. Кога сме веќе кај неа, попив корпа. Јбг, нече среча поштеног човека :))))) 

На поле работа решив да фатам да полагам испити за унапредување, ама нешто не ме служеше среќа. Во Коста Маја не работеше гага нетот па се вратив назад у брод. Не ми се седеше у Сењор Фрог. Во Козумел отидоов до Чи со Рама и Дима. Интернетот беше ОК иако на моменти паѓаше, сепак успеав да симнам материјал за 3 испити, и после целата мака со сејфти (безбедност) материјалот си реков, заеби... ова ќе трае вечност. Кога ќе бидам дома на одмор ќе средам тоа на раат. 

Од позадини да пишам дека фотографирав црна позадина и стоечко ЛСП. 

И за крај Јована :))) Уствари пред Јована да пишам дека меѓу гости на патувањето ќе го пишам и Дон, стар канонџија. Ова му беше 7мо крстарење на Дизни брод. Еднаш одејќи накај Пало го начекав на скалите додека тој го чекаше семејството за да идат на вечера во Топсајтерс. И сега Јована, уствари мајка и... како и да се викаше, бугарка :) Татко и на Јована збореше се најубаво за Бугарија и Македонија. Патем научив правилно да употребувам еден збор од англискиот јазик "Fortunate". Lucky is a moment, fortunate is something that lasts, and he is fortunate that he found his wife. Енивејз Јована има 6-7 години и има сестра Габриела 8-9 години. И двете се мошне палави ама успеав да им направам фотографии додека беа на вечера во Перот Ки. Инаку ги реметеше сите околу неа, посебно серверите и им викаше I'm watching you и го правеше мафтањето со прстите како Кралицата на Срцата од Алиса во земјата на чудата. Енивејз...Јована додека била многу мала поминала доста време кај баба и во Бугарија и разбира бугарски, па ја р’чкав дека е селско момиче. Е ова беше чудна ситуација за нејзе, никогаш претходно никој не ја испровоцирал како мене :))) Мајка и се изнасмеа ептен и сакаше да им правам приватна фото сесија, ама бидејќи крстарењето се ближеше кон крај решивме да одложиме за во март ако бидам на Дизни Дрим или таму у лето за медитеранските крстарења на Меџик. 

Comments

Popular Posts