Дневник бр.38

Оригинално објавено на November 19, 2012 

Бетани Рејб’рн

Уште три, уште три крстарења :) И ова беше споро како и претходните. Со 1800 гости на брод имаш доста време да се дружиш со некој ако е интересен. А интересни беа Кетрин со ќерка и, другарка и и ќерката на другарката. Сепак гостин на крстарењето е Бетани Рејб’рн. Татко и зборуваше како имал маки со камери додека одел накај Кина да ја посвои. Сега Бетани има 3 години и е мошне фино девојченце. На последниот сет од карактери татко и ми даде 5 долари бакшиш :) 

Од останати работи кои се случија на бродов е тоа што иаме Џинџ’р-бред куќичка веднаш до гест сервисис. Ова и наредното крстарење се Тенксгивинг крстарења и бродот е полн, 2400 гости не сме имале од одамна :) И купуваат фотки луѓево. Прв ден напраивме колку за неколку денови во претходните крстарења. 

На бродов се Иан и жена му и имаат транк шоу. Ако ви текнува на времето кога бугарите носеа чкљ роба со коли и продаваа по сретсело за две червени. Е сеа транк шоуто на Иан е накит од дијаманти. Наједноставни менѓуши се 1200 долари. Пофините парчиња накит се 4-5 илјади долари па нагоре. Доаѓаат од Лондон и се навивачи на Саутемптон. На минатото крстарење ги фоткав на формална вечера во Лумие, фотка која подоцна и ја купија. Ќе останат и на ова и наредното крстарење. 

По пристаништава ништо интересно. Можеби треба да спомнам дека од МЕГА си купив 4 лименки Гладијатор, енерџи дринк, продукт на Кока-Кола компани. Не е лош. Лименката е голема и има уникатен систем за затварање што значи дека можеш да ја затвориш лименката и да ја вратиш назад у фрижидер. Купив и два сикспека Модело, Black и Especial (светло пиво), па синоќа со Хајди пиевме кај Стеф у кабина. 

Comments

Popular Posts