Бродски дневник бр.39

Оригинално објавено на November 29, 2012 

Тенксгивинг

Како што насловот кажува имавме Тенксгивинг крстарење. Уникатно по неколку нешта. Повторно имавме гости кои не се стегаат за да се сликаат и потоа да ги купат сликите. Имавме 2400 гости што е пристојна бројка. И најбитно, Мики и Мини имаа посеби костими по повод празникот. Е сеа што е празникот... гуглајте, ме мрзи да пишувам. 

Од гости јас ќе ги извојам Паоло и Констанца со децата Камила, Себастијан, Кристобал и Николас. Едно мошне фино семејство со малку поенергични деца. Хајди ги сликаше во белото студио и направи 81 фотографија што е мноооогу. Енивејз, додека она сликаше, јас си играв со децата, највеќе со Себастијан или Баши како што го викаат нагалено. Го летав, што ме потсети на внук ми Алек. Едвај чекам да во видам и да го летам :) Имаше уште едно интересно семејство, ама другите фотографи повеќе се дружеа со нив. Бруно со родителите и бејбиситерката. 

Во поглед на пари напраивме многу, што се одрази и на платата која повторно беше пристојна. Во поглед на активности, со тимот бевме во СПА. Како што одминува мојот договор се помалку ми се пишува. Ова крстарење сум шатерс асистент што значи помалку фоткање, повеќе време во галеријата. 

Најбитен настан е доаѓањето на новиот карактер тим и новите мејн стејџ изведувачи познати под името Меџик 29. Меџик 28 се многу возбудени и среќни. Повеќе затоа што наскоро ќе си идат дома, али неврмајнд. 

За фото тимот најбитно беше утрото во Грен Кејман. Главните во компанијата се сместени таму, па не посетија на кратко. Имавме тренинг за продажба на камери и потоа муабет со Сорин, шефот на ОПс менаџерите и со Џон, CEO во компанијата. Прашав за тоа кога ќе знам кој ќе биде мојот следен брод и ми кажаа дека ќе знам еден месец однапред пред крајот на мојот договор. Тогаш им кажав дека имам уште 10 дена од договорот на што тие ми кажаа дека имаат малку фрки со правење распоред. Тогаш им кажав дека би сакал да се вратам на Дизни Меџик. Џон ме запиша у тефтерот и ми кажа дека ќе биде малку тешко, ама можно е да се случи. Е после тоа од среќа легнав да спијам и се успав за сејфти тренинг. Сеуште неам инфо дали ќе добијам казна поради тоа. 

Вечерва имавме караоке за фото тимот во кру лаунч, со пилешко, помфрит и пиво. Мошне ТоБ активност. 

Ај доста е... 

Уствари да пишам дека пред недела или две ги добив деталите за летот кон дома. Хјустон - Франкфурт - Виена - Скопје. Во воздух 20 и кусур саати со 4 саати чекање во Хјустон, 4 во Франкфурт и 4 во Виена. Дома би требало да се приберам во првите 5 минути од 10ти декември. 

Comments

Popular Posts