Бродски дневник бр.40

Оригинално објавено на February 16, 2013 

Назад кон креирањето Магија

Јехеј, повторно назад на Дизни Меџик :) За среќа стигањето до Меџик беше полесно од враќањето од првиот договор кон дома. Летот од Скопје до Виена беше ОК. Во авионот беа и ракометарите на Вардар ПРО, одеа на натпревар во Словачка. Го видов Влатко Јовчевски и цело време се обидував да се сетам на неговото име, сепак 8 години основно поминав со брат му Далибор :) За среќа го најдов на сајтот на тимот. Енивејз, летот кон Вашингтон беше исто ОК. Бидејќи рано ја купив картата бев сместен во предниот оддел на економи клас, и бидејќи летот не беше полн се преместив од моето оригинално место на место поназад за да имам повеќе простор околу мене :) Вашингтон повторно беше трики. Одеднаш слетаа неколку летови и чекав доста време за првиот имигрејшн шалтер, а потоа чекав уште пола саат во Б сопчето заедно со уште неколку морнари од Македонија кои работат на Селебрити. За малку ќе ми киднеше авионот за Хјустон. За среќа стигнав во минута пред затворање на авионот. Нормално седев на последното столче, ама тоа е :/ 

Во Хјустон стигнав во 7 навечер по локално време и дремев до 5 сабајле на аероромот. Нешто спиев на столчиња, нешто шетав по аеродромот... умрев од досада, а и поприлично се заморив. Во бус накај терминал се дружев со Саша, ми раскажуваше како си поминал за одморот, правеше споредба меѓу Македонија и Хрватска и ми кажуваше зошто ја одбрал Македонија за место каде што планира да се пресели, покрај тоа што ќе се жени за битолчанка :)))) 

Кога стигнав на брод се сретнав со Димитри, тој заминуваше на одмор, па се изгушкавме, онака за примопредавање на бродот :))) Потоа го сретнав и мојот нов цимер. Стјепан „Џеф“ Хорват, лаб-менаџер од Хрватска. После 2 години на Дрим го пратиле на Меџик да го оправи хаосот во фото-лаб. 

Од стариот тим тука се Хајди, Мирко и Еџја. Нови во тимот се Карен од Јамајка која дошла при трансфер од Селебрити на Меџик, Даниела (Данижела) од Србија, фотог 1. Заедно со мене дојде на брод Жељка од Хрватска. Заедно била на обука со Угро во Загреб и ми кажа дека е многу ТоБ тип. Денес тимот се комплетираше со Џоан од Перу (машко е), дојден при трансфер од Дрим, фотог 3. Од менаџмент го кажав Џеф, Луи е главен менаџер, и внел мнооооогу промени во фото департмент. Дима ми кажа дека сега е ТоБ да се работи со Луи за менаџер, мене ми беше многу збун првата недела, едноставно, премногу промени. И шатерс менаџер е Грејс од Филипини, девојка на Луи. 

Од останатите оддели има доста луѓе кои ги знам од порано па паднаа гушкања и слично. Единствено ми недостасуваат Петра, арт-галери домаќинката од Хрватска која добила отказ поради повеќе прекршоци, и Јинџу од фото тимот која после некоја караница со Марк (значи кретенчина каталонска) решила да даде отказ веднаш! 

Инаку крстарењето опфаќаше 2 дена на море, Грен Кејман, Козумел и уште 1 ден на море. Од побитни работи е тоа што на формал најт фотографирав луѓе покрај статуата на Мики. Луи ми беше смаџер и помина мошне интересно иако умирав од страв како ќе се снајдам со фотографирање на најбизи настанот на бродот :) Патем, на формал најт не фоткавме по ресторани што е ТоБ. Сега единствена напрна вечер за работа е пиратската. 

Козумел беше чуден ден. Како прво бев распореден да фоткам утрински карактери, нешто што по систем на ротација сите го прават, само што не ми беше ич ќејф да го правам во првата недела од мојот договор. Сепак испадна на арно бидејќи ги запознав Жером Каплан и неговата ќерка Клео Анет Каплан Тесни (ова го запамтив бидејќи ми се потпиша последната ноќ од крстарењето. Жером има сопруг и поради Клео решил за прв пат да отидат заедно како татко и ќерка на крстарење и беа воодушевени. 

Други интересни гости беа семејството Нагаен. Ннивната ќерка изгубила книга со автограми која ја најдов додека расклопувавме студија навечер. Книгата ја донесов кај студиотот на Хајди по што таа ја однесе во „изгубено-најдено“. Наредниот ден во мали хартиени ќесички за бакшиш добивме по 10 долари :) 

И така некако помина првата недела на брод. Успеав некако да се навикнам на (не)спиењето на брод, секоја можна прилика за спиење ја користев за да поспијам. Следната недела идеме во Кејп Канаверал, моето омилено местенце од малите места во Америка :) Џеф ќе ми позајми некој долар па ќе падне шопинг (читај бесни патики) :) Во понделник Јоланда ќе пушта музика во кру-бар, и ондак то :) 

Comments

Popular Posts