Дневник бр. 41
Оригинално објавено на February 24, 2013
adidas на нога
Втората недела на брод беше полесна за работа. Од една страна тоа беше 8 дневно крстарење, од друга страна само 2 пати фоткавме по ресторани, што е уште повеќе ТоБ.
На Кастауеј Ки бев распореден да фоткам внатре во бродот што многу ми се допадна. Не морав да излегувам надвор на релативно ладното време.
Во Кејп Канаверал си купив adidas top ten. Патичиња што го сањав уште у средно да ги имам. Сега конечно си ги купив за 80$ +6%ДДВ (заокружи на 85). Каснав пилешко во Chick-Fill-A (и нормално пиев од мојот омилен шејк). Го искористив гага нетот за да направам измени во мојот тим на Топ11, да видам што има по социјалните мрежи и да ги комплетирам испитите за Фотог3.
На Ки Вест не излегов затоа што бродот ептен на кратко беше таму па не ми се стануваше рано посабајлечки.
Имаме нов фотограф во тимот. Џоан од Перу (машко е), фотог3, 4 договори на Дизни Дрим. Сега имаме комплетен тим, па така да, ќе не биде :)
Од интересни работи што се случија би го издвоил муабетот за споредбите меѓу Европа (со посебен акцент на Балканот) и Америка кој го водевме јас, Џеф, Даниела и Јоланда. Јоланда прв пат се начукала од алкохол на 22 години. Ние и кажавме дека на таа година престануваме да пиеме затоа што веќе не е интересно :)))
Оваа недела повторно 6 дена со Грен Кејман и Козумел. Можност да се обноват залихите на Твикс и да се купат останати потребштини. Кога сме кај потребштини, денес направив фин шопинг. Си купив чоколадирани наполитанки од КРАШ и гајба лименки Пепси. Дефинитивно нема подобар пијалок од американско Пепси :) И кога сме кај пијалоци, денес на укрцавање пиев Др. Пеперс... бљак. кола со вкус на евтини мастики од 80тите.
И да не заборавам дека на гости ова крстарење ни е Кевин Фајк, Оперејшнс Менаџер за дизниевите бродови од страна на Имиџ. Денес ми вика дека требало да се шишам како него и Џеф (ептен кратко) :) уствари таква фризура имав коа прв пат се видовме лани на Меџик, ама мене ме мрзи да барам бербер на бродов, а и пред да полетам накај брод заборавив да поминам кај Жаки :/ Битно на Јоланда многу и се свиѓа мојата фризура :)
Comments
Post a Comment