Бродски дневник бр.42

Оригинално објавено на March 5, 2013 

Кевин Фајк на гости

Заврши едно релативно неинтересно шест дневно крстарење до Г.Кејман и Козумел. Немаше некои интересни гости. Немаше ништо интересно по кру делот од бродот. Единствено ново е што Кевин Фајк, нашиот оперејшнс менаџер ни беше на гости. Во 1 на 1 ми кажа дека за време на драј док нема да има фотографи на бродот, така да јас на 24 август треба да полетам кон дома, и најверојатно истиот ден ќе сум дома, за разлика од претходното патување од Хјустон кое испадна одисеја :) Во врска со унапредувањето ми кажа дека чек-листата не зависи од дирекцијата и дека треба на Луи веднаш да му побарам чек-листа и да почнам да ја пополнувам. 

Поставив личен рекорд во фоткање на луѓе со статуата на Мики, над 700 фотографии. Фоткањето почна трики, пентабот (компјутер со тач-скрин кој ги поврзува фотките со картичките на гостите) ме зафркаваше, ама открив каде е бељата. Џоан доцнеше на работа па првите 20 минути сам ги позирав и ги фоткав луѓето. Потоа се појавија и тој и Луи па темпото се забрза. Пред втората сесија сменив еден од каблите и ми се оправи и пентабот. Во втората сесија ми помагаа Хајди и Луи и темпото се забрза до максимум. На крајот на третата сесија пресметав колку фотки имам во секоја сесија и сватив дека сум отишол преку 700. Нешто што порано го правеше Федерико. 

Друго се е онака, по навика. Ова крстарење е многу поинтересно, ама тоа кога ќе заврши ќе пишам :)

Comments

Popular Posts