Бродски дневник бр.43
Оригинално објавено на March 12, 2013
Биг тајм круз
Претходното крстарење беше до Флорида, и блиску до Бахами, ама само блиску. Но со ред :)
Значи ова крстарење не фоткав укрцавање, така да имав можност да прошетам низ центарот на Галвестон, плоштадчето, општината, улицата со кафетерии... Не е лошо, онака ко гратче од вестерн филм. Влегов во една кафетерија што имаше Нестле во името, и внатре само 3 пензионери и 3 морнари. Интернетот беше побрз од мојот компјутер, нешто што немам видено досега откако сум на море :)
Првите два дена беа ОК.
Каставеј Ки беше журката :) Времето беше мошне лошо и не знаевме дали ќе се истовариме на островот. Луи ни даде два распореда, еден за ако стигнеме на островот и уште еден ако не стигнеме. Капетан Џон имаше 3 обиди ама сите беа неуспешни. Како и да е, некако преживеавме иако на бродот се случуваше хаос.
Кејп Канаверал беше мнооогу кул. Бидејќи Јоланда со нејзините жени беше до Орландо на шопинг, јас отидов со Мирко до европскиот ќош :) А внатре, смоки, киндер чоколада, кокта... еден куп ствари што сме навикнати да ги купуваме во маркетите во Македонија. Со Мирко пиевме по едно турско. Сакав да сурфам, ама ми бараа 2 долари и си викам, ај фак оф, не ми се даваат пари коа има гага нет у трговскиот. Бидејќи вајрлесот во фуд корнер не ме конектираше скокнав до Dillards каде што само јас бев онлајн и нетот фучеше :) У Меѓувреме прошетав до моите редовни продавници: Чемпс, Финиш Лајн, Футлокер и Спенсерс. Од Спенсерс купив пљоска со Сусаро и трегери за Пачанга. Не се шефовски како за шеф у општина, малку покежуал се :) Од Футлокер си купив ниски црни чорапи што ми одговараат со новите адидаски. И останав без пари :) Назад у брод го гледав Wreck it Ralph во Walt Disney театарот, и бевме само јас, Тара, Иво и уште 3 гости :))) Од умор преспав пола филм, ама сепак беше ОК :)
Ки Вест сакав да излезам од брод, ама бродот пушти сидро до војната база и до град и назад се идеше со комбе и си викам, да чекам комбе за до град, па да чекам комбе за назад... заеби. Останав да спијам на брод.
Во врска со гости, за прв пат дадов Magical Family certificate откако крстариме од Галвестон, и тоа беше исто семејство со Грејс. Се работеше за Џонсон. Тато Џонсон црн ко ќумур, мама Сара Џонсон (официјално сеуште Фицју затоа што има многу папирологија за менување презиме) бела и дебела и нивната скоро 2 годишна ќеркичка Дилан Џонсон, едно чоколадно, едно насмеано, сонценце :) Ретко се гледа такво детенце, иако имаме еден куп деца на бродов :) Имаше уште неколку интересни семејства на брод ама ги запамтив Милета. Таткото Ернест Милета е по потекло хрват, и заедно со мама Милета имаат 2 ќерки близначки во рани тинејџ години. На крај завршија со 436 фотографии, ама беше задоволство да се фоткаат. Имаше и една интересна жена, и ги заборавив првото име и презимето, ама второто име и е Ракел и тоа добро го запамтив. Некако по сплет на околности цело време налетувавме еден на друг. Имав чувство дека секојпат коа ќе се загуби, одеднаш јас се појавувам од никаде да и помогнам :)
У врска со пари, надминавме и Дизни и Имиџ таргет за неколку илјади долари што добро дојде у плата :) Рејтингот беше низок, ептен низок, ама кога имаш фотки од Фотопас у пакет (фотопас се компанијата која фотка во Волт Дизни Ворлд и на некој начин ни се конкуренција, ама за гостите од брод мораат да фоткаат за гага, па праат разни глупости како чкарт фотки, како не праќање фотки на брод и слично), од друга страна Каставеј Ки беше откажан (а еден куп гости посебно беа нестрпливи за посета на приватниот остров на Дизни), рејтингот беше очекувано низок. Бај д веј, коа сме кај Каставеј Ки, во Виланс Тунајт репликата „Каставеј Ки беше откажан“ беше сменета со „Остин беше откажан“ :р
Во теретана истрчав 2,2 милји што е мој рекорд сеа за сеа :)
Горе-доле, тоа сеа за сеа. Ни престои 6 дневно крстарење до Козумел, а потоа и две 4 дневни. Останав без Пепси и без Кока Кола и без Гладијатор... ваљда ќе преживеам до следната посета на МЕГА :)
Еее и да не заборавам да се пофалам дека на Топ11 освоив 1 место во лига на 3то ниво што со оглед на тоа колку време имам за интернет е гооооолем успех :)
И за крај да пишам дека Угро, кој по сплет на околности ми стана другарче ми стана и колега. Имиџ го прати да фотка на некој од Норвиџн бродовите :) Му посакувам мирно море и блиски средби со црните ајкули :)
Comments
Post a Comment