Бродски дневник бр.44
Оригинално објавено на March 24, 2013
Брзи крстарења - брзи пари
Изминативе 2 недели имавме едно 6 дневно крстарење и две 4 дневни крстарења. Овие 4 дневните беа до Козумел и назад.
Првото крстарење беше мошне фино уште од укрцавање. Скоро сите застанаа да се фоткаат за "Welcome aboard picture". Уште првиот ден продадовме еден куп пакети. Фоткавме многу, ама во галеријата цело време имаше слободен простор затоа што гостите купуваа како што излегуваат фотките.
Второто и третото крстарење фоткавме малку почесто. Јас фоткав скали на последниот ден од крстарењето. На второто крстарење почнав со местење опрема за на крајј да средувам линија за чекање и баш ми се погоди една идиотка која го малтретираше консиержот Дени и уште во 5:00 ме праша од каде ќе биде линијата. Јас немав баш некоја идеја како да ја поставам линијата бидејќи веќе го имав Гуфи на старборд страна. Идиотката пријави дека фотографот паничел. Луи ми ја прати Хајди како засилување. Барем периодите во кои немавме гости за фоткање се муабетевме и не беше досадно. На третото крстарење ми се погодија фини гости и веднаш ми тргна работата :)
Инаку во врска со шопинг на првото крстарење идам у МЕГА, полнам кошница и у 1 саат стигам на каса и ми викаат, извинете ама картичката ви е празна :( Карен после ми кажа дека околу 2 саат легнала плата на картичка. Како и да е, пропадна листа со еден куп потрепштини. Затоа следната недела направив уште подолга листа од потрпштини и непотрепштини. Потрошив 121 долар :)))) Инаку во терминал шоп овојпат купував пакувања од по 12 лименки пепси :) Енивејз, и денес имав извонреден шопинг :) Во Галвестон има една мошне интересна џиџимиџарница. Купив табличка за Ст.Дејан, налепница за мојот шкодилак и неколку приврзоци за фини девојчици :) После скокнав до сурф шоп во кој најдов еден куп интересни работи, Billa Bong, Quicksilver, Reef, ROXY... си купив каиш :)
Од фини активности, стигнав еднаш да скокнам до теретана.
Од родендени имаше 2, еден на Еј Џеј наполни 20 и некоја и Карен наполни 31. Ствар што ме извади од памет беше тоа што сега воопшто не собиравме пари за да им купиме поклончиња. Луи вика дека не е фер некој да дава целоо време пари за поклони и после да има роденден додека е на одмор. Мене тоа не ми пречи, напротив, не ми е проблем да одвојам 10 долари за луѓето со кои работам, ама јбг... а мислев дека Марк е стипса кога успеа со својот притисок да збираме само по 5 долари.
Коа сме кај материјални ствари. Ми се скршија наочарите, втор пар. Преполн ранец и напукна рамката. Стаив супер-лепак, ама не е тоа тоа. Најверојатно ќе скокнам до Рон-Џон во Кејп Канаверал да си купам некој бренд кој го има само во Америка, Австралија и слично :) Во трговскиот има интересни наочари од Оукли, ама еден куп луѓе носат Оукли, а јас не сакам да имам нешто што имаат еден куп луѓе. Патем, си купив Гуфи пенкало :)
Во врска со тим, Даниела вчера заврши со испитите за Фотог2 а јас и помагав на Карен во истото и денес таа ги комплетираше сите.
Интересни фамилии/гости: 1 крстарење: Папандреу од Далас2 крстарење: Морган3 крстарење: Такер
Г-дин Папандреу е од Атина, а г-ѓа Папандреу е од Солун, овај Тесалоники ко шо го викаат они. Нормално падна р’чкање на темата Македонија, Скопје, република, ама тврдоглаво си стоевме на ставовите. Ги фоткав неколку пати, последен пат на позадината со Мики зајдисонце. Купија најголем пакет и една рамка и за во рамката одбраа една од фотките кои им ги направив во последниот сет. На крај и кажав, еве како македонците и грците можат да живеат убаво заедно без политичарите околу нив :) Таа се насмевна и потврдно климна со главата.
Морган е 7 годишно девојче кое пријатно ме изненади со својата интелигенција во Шатерс додека мајка и купуваше фотки. Во десната рака земав фотка од Мики и ја стиснав во тупаница, и потоа ја вкрстив со левата рака и ја прашав дали може да погоди во која рака имам нешто :) потоа сменив рака, и така 5-6 пати по ред :) Грејс ми кажа дека ќе и даде на Морган сертификат за магично семејство во мое и во нејзино име. На псоледниот ден ми дојдоа за фотка на скалите (во меѓувреме го купија неограничениот пакет). Мене нешто не ми беше до зборење, така да углавном збореа Хајди и мајка и на Морган. И на Морган нешто не и беше до зборење и само ми кажа дека еден од предните заби и се клати. Кога завршив со фоткање земав значка "I lost my tooth" ја ставив во плико и напишав дека и давам поклон за кога ќе и падне забот да си ја носи. Наредниот ден не бев на утринска продажба, па затоа Морган ми напиша писмо дека се заблагодарува за подарокот.
Такер е едно мало момченце кое ми дојде на крајот на третиот сет фоткање статуа со брат му и родителите. Се мислев да ги вратам, ама си викам, ај уште овие па пакувам опрема. На крајот тој ме праша дали може да ги види фотките. Бидејќи беше понизок од триподот за пентаб го земав во раце и го кренав. Тој ги виде фотките, и ме гушна.
Тоа би било, во кратки црти се она што се случуваше изминативе 2 недели кои беа исполнети со многу работа, но и спечаливме фини пари, скоро 900 долари :) Нешто што го немам видено од минатото лето :)


Comments
Post a Comment