Дневник бр.45
Оригинално објавено на March 30, 2013
TONY
Заврши уште едно 6 дневно крстарење до Козумел и Г.Кејман. Имаше лоши но и фини моменти. Се започна со повредување на десниот делтоид (мускулот на рамо) една ноќ во теретаната. Се мачкам со Масл раб, што помага во заздравување, ама чувствував истоштеност и болка во некои од фото сесиите кои ги правев. Од голем замор ми се случуваше да губам ствари а потоа и да ги наоѓам. Меѓу другото си ја загубив и значката со моето име на неа. А немав ни резерва магнет за да ја земам значката на Џеф :/ Како и да е, пат под нога и право во гардероба по нова значка. На старата пишуваше TONI со крупни букви и под тоа MACEDONIA со ситни букви. Поради формата на буквите честопати се случуваше гости, па и некои од вработените наместо со TONI да ми се обраќаат со TOM. Затоа решив да си земам значка на која пишува TONY. Наредното утро кога средував алишта после перење забележав дека старата значка сеуште ми стои на една од мајците. Како и да е, сега и јас имам 2 значки :))))
Од други работи кои се случија, побитно е да се издвои дека имавме инспекција од некоја типка која врши инспекција по фото тимовите на Имиџ. Овој Козумел дојде кај нас на брод. Џеф се шина од работа да среди се по правила и прописи, и на крај се испадна како што треба. Поради истоштеност доби 16 часа офф од страна на докторот на бродот. Таа ноќ јас и Џоан останавме до доцна во фото лаб. Луи ни даде на двајцата белешки со кои не исклучува од кабин инспекшн. Пред да се случи тоа Џеф збореше дека ќе проба да земе таква белешка од Луи, или сам да направи една, ама кога му ја покажав белешката со мое име само се насмеа и кажа дека не е битно кое е името на белешката се додека и двајцата сме раат :)
Меѓу другите заборавени ствари си го заборавив телефонот во кабината на Јоланда, па денес ми кажа дека алармот ја извадил од памет затоа што рано наутро поим немала како да го исклучи. Патем, Sony Ericsson C510i е еден од најбучните телефони кои ги имам чуено во живот.
Во врска со тимот, за 8 дена Хајди ја напушта фирмата. Оди дома во Перу и вели дека ќе почне да раѓа деца. Мирко ја убедува да биде татко на првото, ама таа му вика дека тој воопшто не задоволува критериуми за физички изглед. Како и да е, многу се смешни додека Мирко ја убедува а Хајди го одбива. Од друга страна Луи сака мене да ме промовира во Фотог 3. Веќе научив како да средувам порачки од гости откако ќе го напуштат бродот. Ноќта кога останав во фото лаб се увежбав на U-Finder, софтверот за препознавање на лица. Ми останува да научам да спремам фотки за принтање, да режам дискови со софтверот кој го користиме на брод и како да средувам порачки направени на фото коисците (тач скрин компјутери во фото галеријата на кои гостите можат да гледаат фотки, да порачуваат принтови и да порачуваат дискови).
Меѓу другите ствари кои почнав да ги правам е и он лајн шопинг. Порачав дрес од Трој Поламалу, играч на Питсбург Стилерс, мојот омилен НФЛ играч, и долен дел Лејкерс тренерки. Горен дел од некоја следна плата. Не се брзам :))) За 8 дена ќе видам што ќе стигне на брод :)
Кога сум кај шопинг, имам уште неколку искушенија, како на пример Samsung Galaxy S2 на старо од Џеф за 250 долари. Масажа во СПА центарот на бродов за 90 долари (плус 20 долари бакшиш за Меган), и толку сеа за сеа. Ќе видиме како ќе поминам во Кејп Канаверал :))))
Следното крстарење е 8 дневно до Флорида и Каставеј Ки. Верувам дека ќе биде фино :)
И да не заборавам, гости на крстарењето. Прва е Риа Чавез, скратено од Канделариа. Има 3-4 години, 2 постари браќа близнаци и мама и тато :) Им покажував некои работи на фото киоскот и близнаците се доволно високи за да видат што има на екранот но не и Риа, затоа ја кренав во раце и таа беше пресреќна што може да гледа што се прикажува на екранот. И дадов и сликичка од Мики и ја ставив на листата за магични семејства. Последната ноќ во галеријата дојде и ме гушна :)
Второ семејство е семејството Јанг од Портланд, Орегон. Беа редовни во сите студија и сите карактер лини заедно со синовите кои имаат 6 и 4 години. Последната ноќ наместо на шоу дојдоа во галеријата и фино си се измуабетивме на многу теми.
Ајт, доста е сеа за сеа :)))
Comments
Post a Comment