Дневник бр.46
Оригинално објавено на April 9, 2013
Збогум Хајди Бетина Кастијо Гил
Заврши уште 8 дневно крстарење до Флорида. Немаше ништо посебно. Можеби затоа што децата пак крстарат гага. Инаку со Хајди решивме да поставиме рекорд на статуа пред таа да замине закогаш од Имиџ. Цел 1000. Со Хајди отидовме преку 800 во две сесии така што остануваше само уште јас да направам над 200 во третата. Нешто во што успеав. Конечни бројки, 1025 фотографии, 1015 отпечатени (уште да знаев колку од тие се продале :) ). На Каставеј Ки фоткав плажа. Таргет 300. На 270 почнав да се враќам кон бродот и завршив со нешто над 300 за нешто над 2 саати на плажа. Бидејќи Мирко и Џоан се фрлија на ударниот дел од плажата јас решив да фатам лежалки и слично :) И доста за работа :)))
На укрцавање наместо филм го имаше шоуто на Фреди Фјужн. Нешто магија, нешто зезање, не беше лошо. Имаше импров најт. И беше ТоБ :) дефинитивно настан кој ми недостасуваше. Имаше и опен дек на дек 5. Бев со Карен. Месечина, облаци, бранчиња, други бродови во далечина, благо ветре... романтика де Џурџевдан. И така полека Јоланда излегува од сликата, Карен влегува.
Ова крстарење е до Козумел, и сме еден човек мањак. Ама не се приметува бидејќи имаме гости кои не се по фотки, има некои кои се, ама кога ќе им кажеш дека една фотка е 20 долари викаат дека тоа е фрапантно.
Инаку првата вечер од крстарењето имав ивнинг офф што ја искористив за перење облека, вообичаено, и невообичаено, фатив фајнал фор во НЦАА лигата. Ги гледав двете полуфиналиња. Извонреден баскет.
И за крај, ми стигнаа тренерките од Лејкерс и дресот од Стилерс :) Ептен добро ми стојат, мислам, овај, нали :)



Comments
Post a Comment