Бродски дневник бр. 47

Оригинално објавено на April 22, 2013 

30 

После едно 6-дневно и две 4-дневни крстарења конечно да седнам на компјутер да пишам ред-два-три за тоа што се случуваше по бродов деноиве.

Прво за поднасловот. Наполнив 30. Порано кога некој другар ќе наполнеше 30 си викав, ааа остаре чоеков, јас сеа си викам дека сум во цутот на младоста :) Енивејз, со Карен бев во Џини’с (Козумел) на фахитас. Џини’с веќе не е феси шменси ко што беше минатиот пат, ама ни дадоа попуст за морнари, така да ОК, ќе се прогледа низ прсти. Енивејз, следниот Козумел идеме во Пица-Хат :) Инаку од поклони, не добив, само подарив еден, и тоа на Карен и купив плишан Стич (од цртаниот филм Лило и Стич). 

Во поглед на тим, цело време сме човек мањак. Во поглед на менаџмент, вчера Чаба дојде на брод. Ми мириса дека ќе биде ист хаос како со Луи, со таа разлика што Чаба не фаќа камера во рака за да помогне на тимот. 

Инаку од пристаништа, за прв пат излегов на Грен Кејман. Со Карен бевме во Бургер Кинг на бургер и брз нет. Иии... сонцето ми ги изгоре рамењата бидејќи го носев дресот од Коби и од бели рамења добив црвени. 

Во поглед на персонал на бродов Наталија од Украина е назад на бродот, додека Мариџа од Хрватска е отпуштена поради тетоважа. 

И од гости, првотот 4 дневно крстарење имаше доста интересни гости. За почеток Рудолф Ренда и ќерка му Лола, додуша и син му Анџело и жена му чие име не запаметив. Лола имаше Снежана фустан ама панделката и беше одврзана и ги држеше лентите високо во воздух додека Рудолф и викаше дека сеа ќе ја однесе у соба. Клекнав и и ја врзав панделката на фустанот. Не беше совршена, ама држеше. Од тогаш јас и Рудолф станавме другарчиња :) Морам да ја споменам и Венди Велс. И помагав да го купи големиот пакет преку киоск, ама нешто зафркаваше. И кажав дека ќе се погрижам за се да биде во ред. Потоа таа имаше проблем со изгубени фотки... некако налетувавме еден на друг. Инаку на бродот беше со ќерка и Чарли и со уште неколку жени, самохрани мајки кои можеби ги запозна на брод, ама неврмајнд. На крај таа го напушти бродот без да го земе своето ЦД. Кога средував папирологија за да го добие своето ЦД, забележав дека Венди Велс имаа... 41 година, а изгледа мноооооогу подобро од еден куп двојно помлади од нејзе. 

И да не заборавам да пишам дека ја навлеков Карен на Киндер чоколада :)))) 

Сега пред нас имаме едно 6 и едно 8 дневно крстарење. Повеќе инфо во следниот дневник ;)

Comments