Бродски дневник бр.49
Оригинално објавено на May 28, 2013
Догледање Грејс Бенавидез
Заврши и последното крстарење на Дизни Меџик од Галвестон. Овојпат кон Флорида.
Најинтересен ден беше Порт Канаверал. Прво направивме одличен шопинг со Карен во Волмарт, каде што потрошивме и двајцата над 100 долари, потоа кркавме во Мерит Сквер Мол за потоа да се вратиме назад на брод за вечера во Пало. Инаку во детали, во Волмарт Карен пробуваше да вози еден фин точок, за малку ќе се отепаше :) Јас се мислев дали да купам уште еден глуфец Logitech M510, ама се воздржав. Потоа гледав лап-топчиња, ама немав доволно пари и на крај се мислев дали да купам објектив 55-200 за моето никонче. Сепак на крај купив само потрепштини и неколку ситни поклони. ПАЛО беше ТоБ. Предлог од страна на Грејс кој беше прифатен од Чаба. Тоа беше мој трет пат и прв пат на Карен да вечера таму. Сервер ни беше Андреа од Италија. Инаку беа зафатени само 4 маси, што даваше малку интимна атмосфера :)
Во поглед на персонал, си замина АМС Грејс и на нејзино место од Вондер дојде Стефани од Јужна Африка. Единствена заедничка работа е што е ниска ко Грејс. Другото се е различно (повеќето работи на лошо) ама ај да дадеме време да видиме што ќе испадне од неа.
И најинтересното нешто, гостите на ова патување. Имаше доста фамилии кои ги видов на претходни крстарења. Како на пример Констанца и Паоло со децата. Овојпат не доаѓаа во студијата и во карактер линиите. Купија само 2-3 фотки, ама времето поминато со нив е прајслес. Исто така, тука беше и Фредерик „Рики“ Луис, овојпат со цела багра. Меѓу другите и мајка му за прв пат на крстарење. Ми кажа дека и велеле дека Рики е селебрити на Дизни Меџик и не верувала, ама еве сега се уверува во тоа :)
Од оние кои ги видов за прв пат да ги издвојам и Наташа и Кристијан (Ристо). Наташа е од Тетово ама долго време е во САД. Последен пат била во Тетово пред распадот на СФРЈ. Енивејз, беше големо задоволството да си зборуваме на македонски јазик, додуша комбиниравме македонски и англиски поради Кристијан. Е овие беа почести во студијата и на крај завршија со пакет од 10 фотки. И за крај, семејството на крстарењето, Ли од Хјустон. Прво нешто што забележав е дека имаа од ефтините канони ама на него имаа L објектив, што е за почит. Потоа ме прашаа кој е рекордот за највеќе фотки на Дизни Меџик во едно крстарење. Им кажав дека рекордот е 810 иако не ми се веруваше дека можат да гоо срушат. На крај завршија со 866 фотки. За разлика од претходните рекордери овие беа мошне пријатни луѓе за фоткање и иза дружење. На крај разменивме мејлови. Ни дадоа по 10 долари бакшиш и се фооткавме заедно. Сеа сме пријатели на ФБ :)
За крстарењето од Галвестон до Барселона, наскоро.



Comments
Post a Comment