Дневник бр. 50
Оригинално објавено на June 12, 2013
Трансатлантик круз
И конечно, започна патот кон Барселона. 14 дена со само 3 пристаништа: КаставејКи - Бахами, Мадеира - остров западно од Африка кој и припаѓа на Португалија и Гибралтар, точно на средината помеѓу Шпанија и Мароко. На бродот имаше околу2000 патници, најчесто луѓе кои крстареле веќе неколку пати и сега одат само напосебни крстарења, потоа имаше доста луѓе од Европа кои крстарат за прв пат, иимаше доста дизниеви вработени од разни компании кои се дел од Дизни семејството.Патем, ова беше примопредавање помеѓу Меџик 29 и Меџик 30 (карактер и театар одделите). Во карактер назад се вратија Џанел, Кариса и Чана од Меџик 28, додека од театар, Кери. Другите беа со искуство од Вондер и Дрим, и неколкунови момци и девојки. Кога сме кај заминувања, ова беше последно крстарење за Е’џа Опонг Чечеку или народски кажано Еј-Џеј.
Во поглед на работа не беше лесно, иако Чаба среди за секого да има деј офф, најчесто во парови. Трики беше карактер одделот, имаше премногу карактери вопрвите 3 дена, така што отидовме преку 9000 фотки од карактери во првите 3 дена што е многу дури и за кратки крстарења. И сето тоа затоа што идиотот од круз директор, Дарен сакаше да види во кој период од денот има највеќе гужва за карактерите. Наредните денови за да задржи внимание почна да прави комбинации Мики и Мини заедно, Доналд и Дејзи. Потоа и тоа стана досадно па направи сет со Мики, Мини, Доналд и Гуфи заедно. Сетот беше рано наутро и имаше само 7-8 семејства. Смешката беше после во галеријата кога другите гости прашуваа која е финтата со ова, и по кој основ овие среќници имаат ваква фотка. Јас им велев дека едноставно само се појавиле на сет на кој само вистинските Дизни фанатици би отишле.
Кога веќе спомнав за деј офф, да пишам што правевме јас и Карен :) Уствари нашето и не беше нешто цел ден офф, ама енивејз, помина тоа одамна. Пред нас деј офф имаа Мирко и Жељка па за нив Чаба нешто како средуваше да идат на вечера во Енимејторс Палет. Бидејќи Чаба ич не го бива за организирање дешафки надвор од работа и ич кур не го боли за вработените за малку Мирко и Жељка ќе извисеа. За среќа Жељка го имаше бројот на Меклин, шефот на сите ресторани на Меџик кој им среди да вечераат во Лумиерс, и да биде уште поарно ги служеше Иван од Црна Гора така да ептен фино си поминаа. Е сеа за нас нешто како ќе средуваше Чаба да идеме у Лумиерс, и нормални ништо од тоа, па фатив и го замолив Меклин за да има една маса за мене и Карен. Кога отидов да и кажам на Карен, во собата беше Даниела која веднаш испеа кај Џеф и кај Чаба дека сам сум средил за вечера прескокнувајќи го својот шеф. Чаба беше бесен, ама што го тркалам, идиот. Уште со Томас за хотел директор немаме ниту една привилегија на бродов. За се мораме сами да се бориме. Како и да е, првин отидовме на шоу, Dance with the officers. Нешто по примерот на танцувај со ѕвездите, шоу кое е под лиценца на abc, една од дизниевите телевизии. Беше мошне забавно да ги гледаме некои од офицерите како танцуваат со некои од гостите, посебно затоа што шоуто беше спремено у 5 до 12 за да биде тотално изненадување :) На крајот имаше групно играње на Гагнам Стајл во кое учествуваа Мирко и Жељка. За жал тие беа на десниот дел од сцената додека ние бевме во левиот дел од публиката така да видео снимката не испадна фина. Потоа фотка со Мики во неговиот волшебник костум од цртаниот филм Фантазија. И главното нешто, вечерата. Сервер ни беше Џимсон од Индија и та-дааам, асистент сервер Шон од Јамајка. И бидејќи на Дизни шоуто е најбитно, а Лумиерс е ресторан инспириран од Убавицата и Ѕверот, на среде вечера се појавија токму тие да одиграат еден валцер.
Инаку океанот беше невообичаено мирен за време на крстарењето од запад кон исток. Беше мачно од Мадеира кон Гибралтар кога од мачнина не јадев ништо освен еден твикс кој подоцна го повратив, но да се вратиме на фините нешта. Мадеира е родниот остров на Кристијано Роналдо, факт кој ми го кажа Еј-Џеј, и фактот дека во последниве неколку години тој си нема дојдено во родниот крај :) Островчето е фино на прв поглед. Нешта кои посебно ми направија мерак беа плаќањето во евра, европски коли и архитектура наоколу, и европскиот дух воопшто. Од коли видов еден фин прилично стар Ролс-Ројс и електромобилчиња Рено, двосед во кој седиштата се едно позади друго. Рентањето беше 60 евра дневно и во количето има вграден џи-пи-ес за снаоѓање низ островот. Да имавме повеќе часови време, обавезно ќе земев и ќе се возев со Карен наоколу. Еј-Џел цело време збореше за нив, можеби да не беше со нас ќе земеше, ама ние го предомисливме кога му зборевме дека тој ден почнуваме рано со сетап. За кркање кркавме во автентичен португалски ресторан со големо М во името. Се шегувам, отидовме во МекДоналдс поради брзиот гага нет. После 6 денана море и спор бродски нет, овој нет беше уау :) Кога бродот беше во Гибралтар бев мепреморени и останавме на брод да спиеме. И на крај пристигнавме во Барселона. Чаба ветуваше дека јас и Карен ќе бидеме слободни преку ден за да ја видиме Барса ама ја стави нејзе да слика укрцавање што не е нешто фер, и ме потсетува на времето кога јас ги фоткав скоро сите укрцавања во Њу Јорк. Сепак јас излегов на кратко да видам што се случува на терминалот и си купив приврзок Барса, шпанска кока-кола и три Нестле чоколади од по 300 грама :) Конечно европска чоколада во мојот фрижидер.
Во поглед на гости, имаше неколку интересни семејства. Ќе почнам со Наталија и баба и од Холандија. Наталија има 4 години и е мошне енергично дете. Баба и ми кажуваше дека мајка и имала проблематична бременост и шансите за Наталија да се роди биле 20%. За среќа тоа било доволно и еве ги сега на крстарење. Наталија сакаше да се крие позади панелите во Шатерс, тоа и беше една од омилените игри. Баба и има една од новите Самсунг камери кои возат на Андроид. Е сеа смарт камера исто ко смартфон, не е за секој. Во еден момент камерата престана да фотка поради фул меморија. Е сеа додека да префрлам од холански на англиски, па додека да најдам подесувања за меморија, па да прелфрлам од камера на таблет... долго вртев-сучев. На крај ја опраив до некаде работата :)
Потоа следат Крег семејството, татко, мајка и ќерка во рани 20ти, привлечна млада дама. На крај таткото на сите фотографи ни подари поедно пенкало на кое пишува "Thank you for making our cruise magical, The Craig family, EBTA 2013"
На ова крстарење немаше многу деца, мислам дека беа некаде околу 400 се на се под 18 години. Еден куп од нив се викаа Адисон. Патем од што имаше малку деца, тие што беа на бродот ептен се здружија па доаѓаа заедно во студијата да се фоткаат. И да не заборавам да ја пишам Адисон Естес или големата Адисон која беше редовна на сите карактери и во сите студија.
Последната ноќ во шатерс повеќе се фоткавме со гостите отколку што продававме фотки, затоа што скоро сите имаа пакети или дискови, па остана доста време за дружење, и примање подароци во форма на бонбони, чоколадии лижавчиња :)



Comments
Post a Comment