Дневник бр. 51
Оригинално објавено на June 12, 2013
Здраво Европа, збогум Е’џа Опонг Чечеку и Мирко Тепавац
И да почнам првин со насловот. Кога стигнавме во Барселона не напушти Еј-Џеј, а на крајот на крстарењето и Мирко. Не отидов на журките за богум и на двајцата. За Еј-Џеј не можев бидејќи бев на утринска продажба, а за Мирко ич неќев да идам бидејќи ми зададе еден куп главоболки додека работевме заедно. За Еј-Џеј плачеа плавушите од детска грижа додека за Мирко плачеше Жељка затоа што беа нераздвојни другарчиња. На нивните места дојдоа Јелена, 28 годишна србинка и Вук, 25 годишен србин. За Јелена мислам дека нема искуство со фотографија, додека Вук 4 години работел како фото-репортер. Енивејз, ќе помине време додека да се вклопат во тимот во поглед на перформанси и квалитет во работата.
Со Карен ја имавме првата кавга. Мислеше дека ќе ја оставам за да бидам со Јелена затоа што е слаба и изгледа фино, патем цело време прашуваше за мене и слично. На крај се се заврши фино.
И да се вратиме на крстарењето. Ова е изгор скапо крстарење, во просек за семејство со 2 возрасни и 2 деца само крстарењето чини околу 8.000$ така да на бродот имаме поприлично богати гости, а бидејќи е прво во европската сезона имаме доста од оние кои идат на посебни крстарења. Продажба идеше слабо, ама тоа е во втор план. Во прв план е тоа што бев на две екскурзии. Една во Фиренца во која беше опфатена посета на музејот во кој е сместен Давид на Микеланџело и прошетка по градското јадро кое е пребогато со историја, готичка архитектура, скулптури и продавници. Втората беше насловена „Скокање во вечниот Рим“ и опфаќаше Колосеум, Пјаца Навона, Ватикан, Фонтана ди Треви. И двете беа мошне долги. На првата на кратко загубивме еден гостин, Мет, ама жена му Синтија успеа да го најде :) Најдлабок впечаток ми оставија Давид и сладоледот кој го јадев. Втората тура до Рим започна со одење со воз до Рим и потоа комбинирано бус и пешки. Возот беше ТоБ, со фино обликувани кожени седишта, мх мх мх, иам фотка у телефон, ама течко се наоѓа фин нет по италијанскиве пристаништа, па ќе почека додека да ја закачам на фејсбук. Рим е мошне фин, ама ќе ти требаат едно 10тина дена да го разгледаш. Нешто што беше невообичаено е тартуф сладоледот :) На оваа тура се здружив со семејството Лин од Питсбург. Навивајте за Пингвините од Питсбург кои играат во финалето на НХЛ (националната хокеј лига) ;) Други две пристаништа кои ги посетивме беа Вилафранш, блиску до Ница, а недалеку е и Монте Карло. Тука си купив Формула 1 маичка, малку скапичко 30 евра, ама ептен е фина, додека Карен си купи сандали, најпопрекрасни на свет. Вилафранш е ептен фино местенце, има фотки во еден од моите албуми, искористив гага нет на пристаниште :) И последно пристаниште, Наполи. гужва, прљавштина, пазиш да не те ќари некој џепарош, се мачиш да најдеш некое место за јадење. На крај најдовме еден кафе-ресторан во кој со Карен кркавме кроасани, за нејзе со бело, за мене со црно чоколадо и пиевме кафе, за нејзе ајс-кафе кое ептен и се допадна и за мене макијато. Е сеа тука трики беше услугата. Се осеќав ко скопјанец у Охрид. Пред се таму отидовме за интернет. Интернетот не врвеше, па почнавме да викаме по келнерите. Првиот што дојде не знаеше англиски и викна еден што знае англиски. Кога му објаснивме што е фрката тој викна трет за да ни помогне за интернетот. На него му објаснивме што се случува на што тој само кажа, не знам што му е на интернетот.
Од гости покрај оние кои ги издвоив погоре, да ја пишам и Ери Нагата која дојде со другарка и. Инаку за тоа колкав Дизни Фрик (намерно со големо Ф) е Ери, да пишам дека кога бевме во Франција, Ери имаше ист костим со Мики. Црвени пантолони, црно палто и шапка која другарка и самата ја направила дома.
Сега имаме уште едно такво крстарење, еднакво скапо, со таа разлика што не работам екскурзии, и има доста луѓе кои крстарат за прв пат на Дизни како на пример арапи, фудбалери и останати.



Comments
Post a Comment