Бродски дневник бр.52

Оригинално објавено на June 21, 2013 

Добредојде за Јелена Димитријевиќ, Вук Вукмировиќ и Ивана Франета

Изминатото крстарење беше уште едно 7 дневно крстарење, со таа разлика што имаше троа помалку фенси-шменси дизни фрикови, а повеќе обични богаташи како на пример арапи и фудбалерите на интер Занети и Камбијасо со поширокото семејство. На вечера во Енимејторс Палет зафаќаа пола триаголник на влезот. Како и да е, ова крстарење се издвоија две семејства. Првин ќе пишам за Хук, мајката Евелин, ќерката Џејдин која беше редовна во сите карактер линии и во сите студија и девојката на Евелин, Нана (Нана е прекар, има некое чудно источно азиско име кое не успеав да го запамтам). На крај се сликаа со нас, ни подарија на сите од тимот по една бомбоњера (американска и со истечен рок на траење али неврмајнд). Второ семејство беа Вулф, таткото Шон, синот Кејл и на останатите им ги забораив имињата. Првиот ден викаа дека ќе постават рекорд, 1000 фотки, и почнаа фуриозно, со по еден куп фотки со секој од карактерите. Јас им кажав дека нема шанси на вакво крстарење да го срушат рекордот од 868 фотки, ама Шон беше упорен на почетокот. На крај завршија со 710 фотки што не е за потценување со оглед на тоа дека немаше многу шанси за фотки на тоа крстарење. 

Од пристаништа, фоткав укрцавање во Барселона, и беше ОК, само заборавив да си купам чоколада и кока-кола. 

Во Вилафранш фоткав генгвеј. Чаба сакаше со рамка, ама тоа ем го успруваше процесот, ем ја покриваше прекрасната позадина, па Џоан ја фрли рамката уште на почеток и смени тактика, па го убрза процесот и на крај завршивме со вкупно 500 фотки (Џеф велеше дека со 200 ќе бидеме ОК). На крај јас, Џоан и Карен добивме пофалаба од Чаба. После тоа бевме на палачинка и клуб сендвич во едно од ресторанчињата на улицата покрај морето, ама не беа нешто нај-нај. У Скопје иам јадено многу подобри палачинки, единствено што ми се допадна беше ледот од ледоматот, ист како од ледоматот што го имавме во ТендерНИК, и ладна Оранџина, мх мх мх :) 

Во Ла Специа не праевме ништо, уствари спиевме до 2 попладне :)))) море и покасно, не се сеќавам :)))) 

Во Чивитавекиа излеговме на кратко и се прошетавме по пристаништето, гледавме други бродови, најинтересен беше НЦЛ Епик, оооооогромен брод, 3 по големина во свет. Кога шеташ на 10 метри од него изгледа уште поголем :))) 

И Наполи, ОМГ, излеговме со Карен да користиме малку гага нет на терминалот, и Карен збореше, дека нема ништо да купува и одеднаш врисна ЧИЗМИИИИИ!!!! Во втората продавница имаше мноооогу ТоБ чизми, високи над колено, кожни, таман нејзин број, и нормално ги купи за 90 евра. Потоа јас си купив маичка од оние фенси-шменси ителијанските, и кога одеднаш, продавница за чоколада :) Рај за мене и Карен. Имаше се и сешто од чоколада и еден куп ствари дизајнирани да личат на чоколада. За по 10 евра си купивме маички KEEP CALM AND ENJOY CHOCOLATE, потоа се мислев да купам УСБ стикче што личи на чоколада, ама ми текна дека веќе имам 3, ми текна и дека не ми треба УСБ хаб. Имаше и уште еден куп други зезалици што личат на чоколада, како торби за ајПад, за лап-топ, футроли за смартфони. Купивме киндеј јајца за возрасни, чоколадото не беше арно, ама изненадувањето беше кондом, јеп кондом во жолтото од киндер јајцето :)) На терминалот имаше еден куп интересни продавници, ама се воздржувавме од трошење пари, на крај само купив приврзок фиќо за тато. Ако пишувам што се имаше интересно таму, ќе ми се потроши батеријата на лаптопот :))) И најбитно за 2 евра купивме 12 литри вода, за разлика од 12 долари колку што е на брод. 

И на крај, конечно се приближивме до Имиџ таргет за промет, утнавме за само 600 долари. Нешто што се нема случено од одамна (углавном поради тоа што Имиџ ставаше неразумни таргети, ме потсетуваат на Карнивал со таргетите во последно време). 

И за крај за тимот, новајлиите поточно. Јелена цело време само збори, во работа е бавна и невнимателна. Е сеа од друга страна е привлечна млада дама, па Карен е љубоморна :) Вук ме потсетува на мене. Професионалец е, сака да учи, константно се подобрува, и сака црнкињи, поточно Чана, другарката на Принцес Тијана. И на крај Ивана Франета, откако помина половина од првиот и половина од вториот договор на Фентаси, целата е фентаси ова, фентаси она... цимерка е на Јелена, и по цело време зборуваат нешто. Смешното е тоа што Карен и Данијела се обединети, откако имаат заеднички непријател. 

Сега пред нас е 12 дневно крстарење кое покрај редовните пристаништа ги вклучува у Грција, Кушадаси и Малта. Тимот е комплетен, па да видиме како ќе биде во иднина :)

Comments