Дневник бр. 53

Оригинално објавено на August 15, 2013

Одамна неам пишано

Значи последно нешто што имам пишано е 21 јуни, а сеа е 8ми август. Во меѓувреме се случиија 4 12-дневни крстарења и 2 4-дневни. Се смени комплетно менаџментот во тимот и новајлиите се научија да работат на брод :) 

Да почнам со менаџментот. На местото на Џеф, дојде Ритеш, после долго одолговлекување поради различни причини конечно дојде на брод и смени доста работи на подобро. Во начинот на работа ме потсетува на Рубен, што значи прецизно и јасно и по правила според S.O.P. (Standard Operation Procedures). Џеф во меѓувреме дојде кога бродот беше втор пат во Венеција, целиот убраден и со пуштен стомак :)))) 

На местото на Чаба се врати Луи, без хендовер, а на местото на Стефани, се врати Грејс, со пола круз хендовер. Распоредите на Чаба го исцедија тимот па малку трики е враќањето на Луи и Грејс во тимот, ама верувам дека работите ќе легнат на место и ќе уживаме до крајот на медитеранската сезона. Патем Луи почесто ме става во распоред во лаб, така да ваљда ќе средам за унапредување до крај на договор. 

Во врска со Карен, првиот пат коа бевме во Венеција за малку ќе раскиневме. Хајди ме имаше предупредено дека црнкињите/црнците се многу љубоморни и посесивни, и не даваат ниту да погледнеш некоја. Епа у тимот ја иаме Јелена, и Карен сумљаше дека ја и она праиме нешто или барем планираме. Во меѓувреме Јелена си фати дечко, ама Карен сеуште е на штрек. 

Сеа да се обидам да пишам по збор-два за пристаниште по пристаниште. 

Вилафранш: Првото 12 дневно крстарење бевме со Карен во пиратскиот ресторан на лазања и крем-бруле. Вториот пат фоткав генгвеј со Вук и Јелена, и Вук напраи тест фотка со мене и Јелена. Коа Карен ја виде фотката и зовре крвта. Третиот пат бев на екскурзија со Данијела во Монако и Монте Карло. Во Монако најдов мемориска картичка од 2 GB за 25 €, а 16 GB за 75€. Инаку просечниот возен парк се состои од Астон Мартин, Јагуар, од една страна и смарт од друга страна. Налетав и на фиќо, коа изгледаше во одлична состојба. Во Монте Карло се фотнав со Ferarri F40 и Shelby Cobra паркирани едно до друго. Патем во Монте Карло Rolls Royce се вози ко кај нас Opel Astra. И да не заборавам дека во Монте Карло бев во најлошиот Мек Доналдс во цел свет :))) 

Следно пристаниште, Ла Специа. Пристаниште кое е врска со Фиренца и Пиза. Самото гратче Ла Специа е многу убаво и нема многу туристи, така да ни стана омилено место на мене и на Карен. Најдовме кинеска продавница во која Карен изнакупи еден куп ствари и гоооолем куфер за 50€. Патем во Бенетон продавницата можеш да купиш маичка за 8 евра, кошула за 15. Има една мнооогу ТоБ кафетерија во која има фини кафиња кои чинат исто ко да пиеш кафе у Скопје и интернетот фуче. И коа сме кај Фиренца, последниве 2 месеци еднаш бев таму и фино си поминав. Го јадев најдобриот сладолед во мој живот досега. Чини 12 евра ама вреди до последен цент. Како прво џелатеријата (сладоледџилницата) е онака фенси шменси, и продавачките таму се многу забавни, прават трикови, кажуваат шеги. И корнетот.... корнетот е долг 25 сантима и е двослоен, што значи едниот слој се навлажнува, ама вториот останува крцкав. И во корнетот ставаат 4 гоооолеми топки сладолед и 2 тркалца од истиот материја од кој е направен корнетот. Зажалив што не го фотнав сладоледот пред да почнам да го јадам. Извадив 10 евра за да платам и продавачката ми вика 12. Давам уште 2 евра онака со сомнеж, ама штом почнав да го јадам сладоледот почнав да се чувствувам како гостин на кој му го увалувам најголемиот пакет што го имаме во Шатерс. Од почеток си викаш ме очарупа овој, ама после тоа сфаќаш дека си направил одлична зделка. Пиза е едно малечко гратче у кое има само една црква, крштилница и кула позади црквата, и ливада наоколу, нема ниту една сенка, има еден куп продавници за сувенири од страна. Нешто што можеш онака да отидеш, да ѕирнеш и да си речеш, добро, видов, и немаш потреба да идеш пак. Нема ништо што би те привлекло да отидеш пак. 

Чивитавекиа, или пристаништето на Рим. Едно поприлично големо пристаниште кое слободно збира 5 големи крузери и 2-3 траекти. Екскурзијата до Рим трае 10 саати и коа ќе се вратиш назад си викаш, леле уште колку многу има да се види, ама како и да е, фина е :) Од интересни работи надвор од програмата ќе ги издвојам „Шпанските скали“, Ферари продавницата, и една интересна џиџимиџарница блиску до Пјаца Навона во која си купив чаша која личи на објектив за камера, Canon EF 24-105 1:4 L. 

Наполи, е третото италијанско пристаниште кое е врска со островите Капри и Соренто, како и со Помпеј и Везув. Тука обично користиме нет на пристаниште. Еднаш излегов со Карен и Жељка у шопинг по потрепштини и зажалив. 

Венеција, аххх, бела Венеција. 2 пати бевме таму, со овернајт, што значи вкупно 4 дена. Првиот пат, првиот ден лутавме наоколу со Карен и Жељка. Видовме еден куп ствари, се изгубивме два пати низ лавиринтите. Бевме на вечера со Андреа и Андреа од Пало. За малку ќе раскиневме со Карен... горе-доле исполнет ден, од 1 попладне до 11 навечер :) Вториот ден излеговме на кратко со Карен за она да купи џиџи-миџи. Вториот пат, првиот ден, излеговме околу 6 попладне, и со водно такси отидовме од пристаниште до плоштадот Св.Марко. Овојпат друштво ни правеше Пол, техничар од Волт Дизни театарот. Отидовме до Хард-Рок шоп од каде си ја купив најубавата маичка што ја имам купено досега. После тоа отидовме до Хард-Рок кафе на вечера. Локал Леџендари бургер ми се виде некако сиромашен. Плескавица и некои трефки... добро е што имаше барем помфрит од страна. Пол зема ребро, додуша тоа беа 10 (десет) ребра у огромна овална чинија. Нормално не можеше да ги доврши па помогнавме јас и Карен со по ребро-две. Имавме идеја да порачаме Епл Коблер, ама си викаме, доста е :) Во Малта Епл Коблер :))) Пол си тргна кон брод со водно такси а јас и Карен фативме пешки, при тоа губејќи се два пати попат :) Инаку пак напната атмосфера во воздухот, не ко минатиот пат во Венеција, ама сепак. И кога таман се приближивме до пристаниште ги сретнавме Џоан и Жељка кои не натераа да се вратиме назад у град на по една пијачка. Првин бевме во еден кафич блиску до универзитетот, по што продолживме кон Пиколо Мондо, мал клуб кој работи до 4 наутро. Шанкерка од Србија, гости, 90% од бродот, скоро све кру, освен неколку гости од бродот. Па коа фативме да пиеме, играме... журкаааа :) Карен од мрчало се претвори во кралица на подиумот. Назад на брод се вративме у 5 наутро. Наредниот ден станавме у 4 попладне за да полека се спремиме за на работа. 

Дубровник. Првиот пат не излегов надвор бидејќи бев болен, а вториот пат онака набрзинка бидејќи беше пиратска ноќ :( Гостите се враќаа на брод во 6 а ние у 3 саат имавме сетап :( Првиот сет на Џек Спероу беше посетители, роднини и пријатели на хрватите кои работат на бродот кои дојдоа да го видат Дизни Меџик. Го научив Џек да вика „Дај ми злато“ :))) Енивејз, вториот пат бевме во едно тераса ресторанче на крајот од туристичката улица во стари град. Јас и Карен кркавме шницла а Жељка мешана скара, и пиевме ракија :))) Храната беше вкусна, превкусна. Џоан кркаше во друг ресторан и пиша статус „Храната во Хрватска е вкусна“. Инаку тој за храна има екстремно високи критериуми. На крај брзавме да се вратиме назад на брод и не ми остана време да купам потрепштини од Конзум, а планирав да почнам со паста за заби Плидента, па Бамби плазма кекс, Ресана (ако има), Животињско Царство, густи сокови... ама јбг... 

Пиреа е пристаништето во Атина. Првиот пат со Карен излеговме пешки и стигнавме до една сендвичара кај што кркавме Гиро и се вративме назад на брод. Вториот пат јас, Карен и Џеј, фативме такси да не носи до Вилиџ трговскиот центар. Таксистот смрдеше, таксито беше валкано и ни наплати 17 евра и плус бараше бакшиш. На враќање фативме друго такси, онака дигајќи рака на улица. Се возевме во Шкода Октавија, со освежувач за воздух, културен таксист кој на крај побара 7 евра. Му оставивме 3 бакшиш. Инаку во Вилиџ отидовме во KFC на доообро пилешко :) Потребите за џанкфуд мора да бидат задоволени :) Во трговскиот видовме фото кабина во која оставаш неколку евра, одбираш позадина (Холивуд, Париз, плажа, планина...), кликаш клик и излегува фото-монтажа разгледница. 

Кушадасиии, кај и да си Кушадаси да си :))) Првиот пат Карен купуваше чевли, ташни... од чаршијата. После бевме на лахмаџун со ајран и на крај купивме потрепштини од продавницата кој е специјализирана за морнари :) Инаку на пристаништето имаат продавници и кафичи. Продавачите ме прашуваа од каде сум, викав Македонија, и ми викаа „Здраво“. После ја прашуваа Карен од каде е и таа викаше Јамајка. На тоа мене ми викаа „ју лаки мен, мејк бејбис“ :))) На враќање во терминалот имаше девојки кои правеа анкета како на гостите им се допаѓа Кушадаси и на сите кои пополнуваа прашалник им даваа магнет. Во терминалот потрошивме еден куп пари за чоколади. Вториот пат јас барав чевли за мене и најдов едни најпопрекрасни на свет, ама беа 80€ крајна цена. Мене не ми се даваа толку пари за чевли кои ќе ги носам месец и пол и ќе ги фрлам па купив едни што личат на опинци за 40. Инаку шетајќи по продавниците се потсетив зошто не идам на шопинг во Шутка и избегнувам тезги по пазари. На враќање седнавме во еден од кафичите на пристаништето. Храната беше ОК, ама услугата катастрофа. Чекавме пола саат за 2 клуб сендвичи. 

Миконос. Еден извонредно убав остров во егејското море. Тука најдовме една џелатерија со мноооогу вкусен сладолед и палачинки кои ги задоволуваат моите високи стандарди за палачинки. Значи гоооолема, и вкусна. Патем интернетот во џелатеријата фучеше турбо :) До џелатеријата има продавница за накит, и од таму си купив мноооооогу ТоБ саат, Stuhrling. Продавачот ми даде попуст, од 220 на 180 евра :) Баш во тој период се острев да купам Инвикта од Трежр Кеч, ама Стирлингот е идеален за мојот специфичен вкус. Вториот пат, палачинка и сувенири само, уштеда.ком :) 

Малта :) Првиот пат скокнавме до паркчето измеѓу пристаништето и Ла Валета. Инаку до него се стига преку лифт кој оди едно 3-40-50 метри :) Таму го најдовме Чаба со девојка му како се обидувва да направи фотка, ама сетинзите на апарат никако не му се погаѓаа, фотките или темни или преосветлени. Земав камерата, менував сетинзи скоро минута, ама направив ТоБ фотки. Инаку пред тоа бевме во една огромна џиџимиџарница и една од продавачките прашуваше дали Мини ќе излезе од бродот. Ни кажа дека е огромен фан на Мини и би сакала да ја види :) После џиџимиџарницата бевме во Хард Рок бар на кркање. Тогаш дознав дека има опција за станување на Хард-Рок член по што собираш поени за сите посети и сите потрошени пари :) Вториот пат со Карен ги гледавме десерите и на менито Епл Коблер изгледаше како десерт во мала до средно голема чаша. Инаку печена јаболка, кекс, ореви, лешници и на врв сладолед. Со Карен се мислевме да делиме еден или да порачаме 2. Порачавме 2. Енивејз, Хард Рок е американски ресторан, така да порцијата е гооооолема. Значи чашата во која доаѓа коблерот е машалаааа. Јаболкото е врело и сладоледот совршено се топи. 30 години јадам благо, ама ова е нешто најдобро што имам пробано досега. Карен не можеше да го доврши нејзиниот коблер, па морав да се жртвувам за татковината :))) Треттиот пат и двајцата не бевме ОК со здравје па не излеговме. Четвртиот пат отидовме во Хард Рок со прецизен план. Купуваме по една маичка и по еден коблер и се враќаме назад на брод да поспиеме :) Карен купи бела маичка со сина гитара и сино лого, од сите маички за девојки, оваа е најубава :) Јас купив обична бела со лого. 

Палма де Мајорка. Првиот пат бевме во еден кафич на првата плажа од каде што не оставија шатл бусовите. Плажата одвратна ама кафичот ТоБ, услуга на ниво, храна фина, едино бед е што немаа интернет. Енивејз со Карен, Вук и Жељка си напраивме фина фото сесија таму :))) Вториот пат фоткав карактери цело утро, па Карен направи шопинг, купи еден куп бела чоколада и по еден магнет :) 

Во врска со гости, од претходни крузеви тука беа семсјството Хара, ми дадоа приврзок Гуфи од Дизниленд Токио, и јас на Казуаки му подарив дрес од македонската ракометна репрезентација. Ова крстарење гости се Мина и Јукари. Уште на терминал додека правевме сетап ми подарија приврзок од Токио Дизниленд. Денес во Рим во кафе ресторантот Св. Петар ми кажаа дека ќе се видиме за Нова Година на Дизни Фентази, па веќе почнувам да размислувам што да понесам со мене за да им подарам кога ќе се видиме пак. Од останати гости имаше еде куп интересни луѓе, ама кој да ги памти :))) Уствари памтам неколку. Првин ќе ги пишам Нили. На првата ноќ од првото крстарење кон Грција се облекоа во тоги и им напраифме фотка со статуата на Мики. Останаа на двете 12 дневни крстарења и на 4 дневното после тоа. Тоа им беше 30то крстарење по ред. Потоа следат Мишел Сини и Каролина со родителите на Мишел. Секој ден зимаа колачиња од баровите, пица и останати фини храни и носеа во Зоолошката за карактер тимот да крка :) Мишел и Каро беа редовни во сите карактер линии и сите студија. Ги начекав и на екскурзија во Рим и им направив еден куп фотки :) Сеа сме пријатели на ФБ :) На првото крстарење до Грција, најубави гости беа Џексон. Мајката Накома, бабата Линда и хух... заборавив како се викаше ќерката тинејџерка. Чоколатца малку поцрни од Карен и малку поубави :) 

И сеа да пишам како идеа со цени крстарењава за да си имате претстава каков народ ни идеше на брод изминативе 2 месеци. 12 дневните крстарења чинеа 10-12 илјади долари. Плус бакшиши, фотки, алкохоли, СПА, екскурзии се фаќаше до кај 20 илјади долари за 4-5 члено смејство. За пар, само крстарење, 8 илјади (за дополнителни трошоци не би можел да дадам груба пресметка, претходната цифра ми е од муабет со гости). И имавме луѓе кои навистина имаат кеш, и имавме луѓе кои не се баш парајлии ама ете решиле да крстарат по Средоземно море. Горе-доле сите беа фини. Освен две фамилии од Шкотска. Значи сите муабети дека шкотите се најскржави на свет држат вода. Од друга страна имавме две 4 дневни крстарења кои чинеа 1000 долари за пар. Е тука гостите беа 95% шпанци. Првото крстарење не ни збореа англиски. Децата невоспитани до немајкаде, плус разгалени, возрасните уште полоши. За сите на брод беше пеколно тешко да се работи. За нас беше ОК бидејќи купуваа фотки. За луѓето од рестораните беше измачување и на крај не оставаа бакшиш. 

Пред некој ден ни стигна инфо за следните договори за скоро сите во тим. Даниела која цело време бараше Вондер доби Дрим. Џоан и Жељка кои сакаат на Дрим добија Вондер. Ивана сеуште нема инфо, како и Вук. Јелена доби Еншантмент оф д Сиис. Карен доби Експлорер оф д Сиис. ЈАС... најдобриот брод на свет, Дизни Фентази. Од една страна бев многу возбуден што го добивам Фентази, ама од друга страна тажен што нема да бидам заедно со Карен. Таа... таа беше многу тажна, сега полека почнува да прифаќа, мада воопшто не и е лесно. 

Сега имаме четири 7 дневни крстарења, на раат да ја привршиме сезоната :) 

Текстов е завршен на 14 август... ахх тежок живот морнарски :) Додуша последниве неколку денови неаме интернет на брод :/ Можда да имавме ќе се потегнев побрзо да напишам :) 

Ау, и да не забораам, поминувам доста повеќе време во фото лаб :) Ајт доста е :) 4 страни во ворд :) 

п.с. Вук се фати со Принцес Тијана од Принцезата и жабата :) 

п.п.с. забранија пушење во кабини на сите Дизни бродови :)

Comments