Дневник бр.54
Оригинално објавено на August 19, 2013
Седумдневни крстарења, пак
За крајот на сезоната имаме 4 седумдневни крстарења. Првин имаме ден на море, по што идеме Вилафранш, Ла Специа, Чивитавекиа, Наполи, ден на море и назад за Барселона.
Уште пред да почнеме со фоткање на терминал ги видов Мина и Јукари, другарки од Јапонија со кои се дружев за време на канадските крузеви. Ми подарија приврзок од Токио Дизниленд. Инаку додека фоткавме укрцавање, луѓето од терминалот ја пуштија реката риректно на троловите (скратено од трафик кон/тролер), без да чекаат во линијата која поминува покрај фото студијата. Затоа почнавме да ги фоткаме во повеќе комбинации семејствата кои ни доаѓаа во студијата. На крај завршивме со многу семејства кои дојдоа за фотка и над 1500 фотки (обично одевме над 1000 на претходните укрцавања). Вечерта бев да го гледам „Авиони“, новиот Пиксар филм. ТОООООООООООООБ филмче :) Топло го препорачувам. Нема да пишувам зошто, сакам луѓето да го видат филмот :)
Втората вечер, бев ставен во распоред да бидам во фото лаб, ама на крај завршив фоткајќи статуа. Бељата беше што фоткав со камерата на Џоан, на која аутофокусот не работи најдобро :( Вечерта со Карен отидовме на Опен дек журка. Едвај некако ја натерав да дојде. Обично оди обратно, Карен ме моли да идеме на дешафки, овојпат јас ја терав неа. Гледавме метеорски дожд. Ја потсетив дека се започна тука, на опен дек.
Во Вилафранш, Луи не стави мене и Карен да фоткаме на дек 10 во време кога сите се на појадок или се чекираат за екскурзија. Бидејќи направивме по една фотка горе, се симнавме во Топсајдерс кај што неколку семејства станаа од маса за да направат фотка со ридовите на Вилафранш позади нив. Нашето фоткање испадна фијаско :))))
Во Ла Специја бевме во нашиот омилен кафич Lo Sfizio на кафе и интернет. Вечерта бев во Шатерс, и останав до крајот на крстарењето.
Во Рим фоткав тура. Овојпат возот беше букиран од Ројал Карибиан, така да ние се возевме со бус до Рим. Во бусот се здружив со Џон Хикман, 50 и кусур годинии, патува со жена му и синот. Му дадов пејн килер за неговата дискус лексија. На враќање назад се муабетевме за спортови и коли :) Патем во Рим фоткав пред Колосеум. Фоткав и фоткав и се уплашив дека нема да имам бус за да се вратам до Пјаца Навона, па решив да прашам еден од водичите кои се со Дизни група. Кучката само ми кажа, иди лево и после цело врме десно. И тргнав... и некаде попат се изгубив. Налетав на продавач на карти за тур басеви, го прашав на каде за Ватикан и тој ми вика, ауууу, тоа е далекууу... и јас му викам, знам, ќе пешачам. На крај тотално се изгубив, и решив да најдам ресторан со интернет. Јадев лазања, најдобра на свет, заедно со спрајт ме чинеше 25€, ама беше ТоБ, и интернетот беше брз, па апдејтирав мапи на телефонот и после беше лесно да се стигне до Ватикан. Успеав во тоа за саат време :))) Во Ватикан застанав во ресторанот Св.Петар на главната улица, за да земам џелато и вода, иии ги начекав Мина и Јукари. Разменивме мејлови, се помуабетивме, им кажав дека во ноември идам на Фентази, а тие ми кажаа дека веќе го букирале новогодишниот круз, јееееее :) После само што отидов на плоштад ја начекав мојата група и им напраив фотка пред базиликата :) Вечерта го гледав Виланс тунајт, ама Меџик 30 не ме импресионираа.
Во Наполи Луи сакаше јас и Жељка да фоткаме генгвеј, ама бродот се укотви на лошата страна од пристаништето, па генгевојот испадна фијаско. Инаку додека ме немаше Карен и давала совети на Јелена, ама глаа букова од јагодинско село, не сфаќа дека Карен и збори арно, само тера по свое. Карен како што е перфекционист и сака сите околу неа да бидат добри во работата, вечерта во кру-мес и збореше гласно на Јелена. Наредниот ден на сетап Јелена ми викаше дека Каренс е однесува ко да живее во џунгла. Кога и кажав на Карен за муабетот, таа кажа дека се откажува од Јелена, мада у меѓувреме Карен и кажала 2-3 збора на Јелена, или да преведам од македонски на македонски, прописно ја исплашила :)
Во меѓувреме Луи делеше лоши перформанс логови :/
Денес е последен ден од крстарењето, ваљда ќе биде се ОК :)
Инаку од гости, покрај овие претходно спомнати, има уште неколку фини гости. Американците и британците се ОК. Шпанците ги имаш сите врсти, и добри и лоши. Јапонците се увек ТоБ. Кинезите, се хммм, ОК, освен едно семејство, таткото има Canon 5D Mk III, ама копилето само гледа коа некој фотограф нема да биде на својата позадина па да изгага. И да не ги заборавам арапите, ги има еден куп на ова крстарење, ОК се во фото студијата, освен едно семејство кое се однесува слично на кинезот, додуша малку ралзично, идат во студија после работно време, скокаат во карактер линии од задна страна. Не знам колку чини ова крстарење, ама серверите од ресторание се жалат дека овие гости не плаќаат ебан долар.
Уште 3 крстарења па сите бегаме дома :) Не можам да дочекам. Почнавме да губиме на перформанси, јас, Џоан, Даниела, Карен, Жељка. Ивана уште откако е на Меџик. Јелена иде напред, ама не со темпо кое се очекува, страшна мрза. Вук е многу избувлив, секој ден се кара со менаџментот за нешто.
п.с. Напишано на 16 август. Кога ќе биде обајвено, поим неам. Сеуште неаме интернет на брод, и не знам коа ќе имам можност да објавам од некое пристаниште.



Comments
Post a Comment